Божиновски часовници и накит направи ексклузивна рачна изработка на наградата „Голема Ѕвезда“ за фестивалот „Браќа Манаки“

Тимот на „Божиновски часовници и накит“ ја имаше честа оваа година да ја изработи наградата Ѕвезда за јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, награда која традиционално се доделува за особен придонес во македонската кинематографија од страна на на Друштвото на филмски работници на Македонија.

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-napravi-ekskluzivna-rachna-izrabotka-na-nagradata-golema-dzvezda-za-festivalot-brakja-manaki-01.jpg

 Како една идеја и дизајн, може да се претвори во вистинско ремек-дело. Тоа беше предизвикот пред кој се исправи тимот на Божиновски часовници и накит, во процесот на креирање на наградата Ѕвезда за фестивалот Браќа Манаки.

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-napravi-ekskluzivna-rachna-izrabotka-na-nagradata-golema-dzvezda-za-festivalot-brakja-manaki-02.jpg

Идејата беше да се создаде ѕвезда, но предизвикот беше како таа ѕвезда да блеска и да зрачи со уникатност.

“Тајната формула е во целосната рачна изработка и во нејзината  неправилна геометриска форма, која има за цел ѕвездата да ја издвои од шаблонот исто онака како што ќе се издвојува и нејзиниот добитник.Ѕвездата е целосно изработена од бронза и позлатена со 24 каратно златно, блескајќи во ѕвезденото небо на сите исклучителни луѓе во македонската кинематографија. И сето тоа зачинето со многу љубов и посветеност со оглед на висината на задачата, а тоа е одбележувањето на 40 годишнината од фестивалот „Браќа Манаки“, открија  од „Божиновски часовници и накит“  за тоа од каде ја црпеле инспирацијата при изработката на наградата.

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-napravi-ekskluzivna-rachna-izrabotka-na-nagradata-golema-dzvezda-za-festivalot-brakja-manaki-03.jpg

Од компанијата велат дека со неизмерна пасија и посветеност ќе продолжат да поддржуваат се што дава придонес во подигнување на визуелната култура во нашата земја.

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-napravi-ekskluzivna-rachna-izrabotka-na-nagradata-golema-dzvezda-za-festivalot-brakja-manaki-04.jpg

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-napravi-ekskluzivna-rachna-izrabotka-na-nagradata-golema-dzvezda-za-festivalot-brakja-manaki-05.jpg

bozhinovski-chasovnici-i-nakit-napravi-ekskluzivna-rachna-izrabotka-na-nagradata-golema-dzvezda-za-festivalot-brakja-manaki-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонската двојничка на Кајли Џенер: Тијана е природна убавица со неверојатно тенок струк (фото) Македонија има убавица од светски ранг, која нè прави горди пред светот. Таа со ...
Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од... На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скоп...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Македонската Барби ужива на море во Италија - модно усогласена со жолтите лимони на Позитано Македонската Барби се фотографираше модно усогласена со местото каде што замина ...
Импресивен настап на Дац и Александар на Златна Бубамара ’24 – Заслужено добија награда за „Дуо на г... „Ова дуо ќе продолжи да носи љубов насекаде со нашиот познат љубовен пасош“, вел...
Напуштено куче си најде топол дом и уште 4 убави вести што нè израдуваа оваа недела Од „Лајка“ открија дека девојка вдомила едно од нивните кучиња, а учениците од г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg