Како изгледа уникатното корисничко искуство на еден напреден банкарски сајт во Македонија?
- Детали
- вторник, 24 септември 2019
Брза и лесна навигација, пресметка за кредит во 4 кликови, онлајн апликација за производ за помалку од 30 секунди, интуитивен дизајн и напредно корисничко искуство.
Ова се дел од карактеристиките на новиот сајт на Охридска банка Сосиете Женерал. Модерниот дизајн и подобрените функционалности на сајтот создаваат симплифицирано и оптимизирано корисничко искуство за клиентите.
Лесната навицагија на сајтот овозможува брз и логичен пристап до потребните информации без непотребни вишок чекори.
Сајтот е целосно оптимизиран за разни уреди, пребарувачи, брзина и проток на податоци, а обрнатото внимание на респонсивноста го прави сајтот одличен за користење и од мобилен уред, земено предвид дека најголемиот дел од интернет корисниците најголемиот дел од денот го поминуваат користејќи смартфони.
Генерално гледано во е-трговијата денес, за еден корисник особено важна е безбедноста и заштитата на податоците. Од таа причина, овој сајт ги користи потребните сертификати за безбедност на податоците и ги заштитува клиентите од злоупотреба на нивните податоци.
Дополнително, како една од поважните работи за еден клиент на банка, сајтот на Охридска банка нуди целосно усогласена интерактивна мапа на Гугл за сите свои локации на експозитурите и банкоматите.
Звучи интересно нели? Погледнете ја live верзијата на сајтот овде.
Подетално упатство може да погледнете во видеото подолу: