Во првата половина од годината групцијата Триглав со остварен раст на премија и на добивка пред оданочување

Групацијата Триглав на македонскиот пазар продолжува со својот развој и раст во согласност со стратегијата

vo-prvata-polovina-od-godinata-grupacija-triglav-so-ostvaren-rast-na-premija-i-na-dobivka-pred-odanocuvanje-001.jpg

Групацијата Триглав во првите шест месеци од оваа година обезбеди 630 милиони евра консолидирана бруто премија (10% повеќе споредено со истиот период минатата година) и оствари 41,7 милиони евра добивка пред оданочување, што е 17% повеќе од истиот период минатата година. Растот на премија и релативно поволните штетни настани се рефлектираа во поволниот комбиниран коефициент во висина од 93,2%. Во согласност со своите стратешки насоки, Триглав оваа година го зголеми обемот на средства со коишто управува за своите клиенти, кој на крајот на месец јуни изнесуваше над милијарда евра, така што сега, со своите друштва Триглав Склади и АЛТА Склади ја зазема водечката позиција на словенечкиот пазар на взаемни фондови. Групацијата продолжува со спроведување на својата стратегија на раст и развој, при што, имајќи ги во обзир предвидените услови до крајот на годината, ја потврдува прогнозата на планираниот годишен резултат. Со влез на пазарот на пензиските осигурувања на почеток од вториот квартал оваа година, групацијата Триглав, преку своите три компании на македонскиот пазар е присутна во сите сегменти на осигурување и ги покрива сите потреби на клиентите во доменот на осигурување.

Раст на премија и поволни штетни настани. Групацијата, во првата половина од годината обезбеди 630 милиони евра бруто консолидирана премија (индекс 110). Раст на премијата е постигнат на повеќето пазари и генерално беше над севкупниот раст на пазарот. Во Словенија, во која Триглав има 76-процентен удел во консолидирана премија, растот на премијата изнесуваше во просек 8% (растот на пазарот изнесуваше 7%), додека на пазарите вон Словенија тој изнесуваше 10%. Групацијата оствари раст на премија во сите сегменти на осигурување – во сегментот на имотни осигурувања растот изнесуваше 10%, кај здравствените осигурувања 21%, додека премиите кај осигурувањата на живот и пензиските осигурувања беа повисоки за помалку од еден процент. Штетните настани во првата половина од годината беа релативно поволни, при што фактурираниот бруто износ за штети во групацијата Триглав изнесуваше 335 милиони евра (индекс 102), додека проценетата вредност на масовните штетни настани изнесуваше 4,9 милиони евра (првенствено, како последица од невремето со град во месец јуни во Словенија). Комбинираниот коефициент на групацијата изнесува поволни 93,2%, што првенствено е одраз на подобрувањето на коефициентот на штети.

Добар деловен резултат. Групацијата, во првата половина од годината оствари 41,7 милиони евра добивка пред оданочување, што е 17% повеќе споредено со истиот период минатата година. Остварениот резултат е последица на поголемиот раст на нето приходите од осигурителна премија, растот на нето расходите за штети во доменот на имотните осигурувања, како и реализираните повисоки приноси од финансиските вложувања.

Финансиски приноси. Групацијата располага со инвестициско портфолио во висина од 3,2 милјарди евра. Со нив управува релативно конзервативно и со цел да ги зачува високите кредитни рејтинзи. Приносите од вложувањата (без приносите од вложувањата на осигурениците со животни осигурувања, кои го превземаат инвестицискиот ризик) во првата половина од годината изнесуваа 51,4 милиони евра.  Во споредба со минатата година, тие беа повисоки, првенствено поради остварената повисока капитална добивка од продажбата на финансиски средства и повисоките нето приходи поради промена на нивните фер вредности. Од друга страна, нето приходите од каматите постојано се намалуваат поради ниските каматни стапки. Поради натамошното намалување на каматните стапки, компанијата формира дополнителни бруто-технички резерви во сегментот животно осигурување во висина од 8,6 милиони евра, како резултат на тестот за адекватност, што за истата сума го намали ефектот на финансиските приноси врз остврениот деловен резултат.

Зголемен обем на средства, со кои што се управува за клиентите. На средина од годината, групацијата Триглав, со своето друштво Триглав Склади и со друштвото АЛТА Склади, превземено оваа година, во Словенија имаше пазарен удел од 34,4% во сегментот на взаемни фондови, со што се искачи на водечката позиција. При крај на јуни, од взаемните фондови, групацијата управуваше со 947,8 милиони евра нето вредност на средствата, односно со 12% повеќе, споредено со крајот на 2018 година. Средствата од индивидуално управување со имот изнесуваа 73,7 милиони евра (индекс 147).

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: »Групацијата Триглав, со своите повеќе од 5 илјади соработници во регионот располага со висок кредитен рејтинг »A«, добиен од признати агенции за кредитен рејтинг. Групацијата има цврста позиција и работи согласно зацртаната стратегија на раст и развој. Задоволни сме со постигнатото и земајќи ги во обзир предвидените услови до крајот на годината, ја потврдуваме нашата прогноза за планираниот годишен резултат

Групација Триглав на македонскиот пазар

Групацијата Триглав на македонскиот осигурителен пазар е присутна со уште две компании покрај Триглав Осигурување, која нуди неживотно осигурување, а тоа се Триглав Осигурување Живот и Триглав пензиско друштво. На овој начин групацијата овозможи севкупно присуство на македонскиот пазар на осигурување и обезбедува целосна понуда на квалитетни осигурителни производи, во согласност со потребите на клиентите.

Триглав Осигурување Скопје во првата половина од 2019-та година постигна добри резултати во рамките на своите стратешки насоки и ја зачува лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување во земјата.  Триглав Осигурување Живот, којшто со работа започна на крајот од 2017-та година, во првата половина од 2019-та година оствари повисока бруто полисирана премија (индекс 137) во споредба со истиот период минатата година и успеа да ги реализира започнатите проекти за развој на продажната мрежа, со воведување на Call centar за помош при продажба. Покрај тоа, компанијата на пазарот воведе и нов производ, осигурување од тешки болести и повреди. Триглав пензиско друштво управува со задолжителните и доброволните пензиски фондови и со работа започна на почетокот од вториот квартал оваа година. Како најмлад член на групацијата, при крај на вториот квартал друштвото активно  работеше со повеќе од 4.000 членови и со речиси 2,4 милиони евра средства во задолжителниот пензиски фонд – Триглав задолжителен отворен пензиски фонд.

“Во првата половина од 2019-та година Триглав Осигурување Скопје работеше на развој на стратешки важни услуги, почитувајќи ги потребите на клиентите, кои се нашиот главен фокус. Воведовме осигурување на малигни заболувања, како решение, кое третира некои од најтешките проблеми со коишто сите ние се соочуваме. Истиот тој фокус доведе до нова услуга за клиентите, онлајн апликација за обезбедување на здравствено патничко осигурување. Посветено работиме на проекти во доменот на понуда на производи и дигитализација на процесите и услугите, имајќи ги во предвид потребите на пазарот. Нашата цел е Триглав да го заземе своето место и во осигурувањето на живот, кое од година во година расте со двоцифрена стапка. Триглав пензиско друштво средствата на членовите тековно ги инвестира во финансиски инструменти со остварен позитивен принос веќе во вториот месец од работењето. Нашата цел е друштвото да се позиционира како атрактивен избор за пензиско осигурување на растечкиот македонски пазар“, во оваа прилика изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување Скопје, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Би можело да ве интересира:

Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
Македонскиот актер Жарко Димоски гради кариера во Белград: „Дел сум од театарот Одеон“ „Македонските актери се многу ценети во Србија, уште од времето на Југославија, ...
Ива Матиќ – жена пилот што ги “прелета” родовите стереотипи Времето во кое живееме е време на меѓучовечки односи, конекции и токму тука е со...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg