Пружете им на вашите деца можност за интернационална диплома без оптоварување на домашниот буџет
- Детали
- четврток, 08 август 2019
Секој родител настојува на своето дете да му го овозможи најдоброто образование посебно кога станува збор за високо образование и стекнување со меѓународно призната диплома. Сега, со уникатниот финансиски производ на ХалкБанк и Меѓународниот Балкански Универзитет постои единствена можност секој родител на своето дете да му обезбеди квалитетно високо образование кое нема да претставува проблем за семејниот буџет.
Станува збор за студентски кредит кој овозможува студирање на меѓународно признат, двојно акредитиран универзитет за школарина од само 1000 евра. Каматата во целост е покриена од страна на Меѓународниот Балкански Универзитет, што значи дека се враќа само основната позајмена сума, на еднакви месечни рати и три месечен грејс период за одложено плаќање. Сите детали за оваа исклучително поволна понуда може да се добијат во која било филијала на ХалкБанк.
Меѓународниот Балкански Универзитет кој се наоѓа во Скопје, располага со 7 факултети и својата образовна дејност ја врши во еден од најмодерните универзитетски кампуси во земјава. Наставата е целосно на англиски јазик, со оптимална комбинација на теоретска и практична настава од страна на висококвалификувани професори со меѓународно искуство во својата област. Универзитетот е двојно акредитиран и работи според сите образовни стандарди кои ги налага нашето министерство за образование и министерството за образование на Р. Турција. Студентите имаат можност да изберат една од 18-те додипломски и 10-те постдипломски студиски програми. Важно е да се напомене дека МБУ доби највисока оценка во категоријата настава и учење од сите универзитети во нашата држава во рангирањето на престижната Шангајска листа.
Меѓународен Балкански Универзитет - твојот избор, твојата иднина!