Места низ Македонија идеални да се посетат со велосипед
- Детали
- четврток, 08 август 2019
Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични!
Токму затоа нашата редакција се реши да предложи неколку локации, кои пленат со својата убавина, а кои можат да се откриваат и со возење велосипед. На тој начин спојувате две работи, здрава физичка активност и истражување на недопрените убавини на Македонија.
Во продолжение ви презентираме само неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на велосипедскиот туризам.
Козјак
На оддалеченост од околу 30-тина километри од Скопје, езерото Којзак е одлична дестинација за возење велосипед и претставува еден вид прибежиште од градскиот метеж. Погледот кој го нуди обзервациската точка на самиот крај од турата нема да ве остави рамнодушни.
Мариово
На отприлика 45 км од селото Манастир и 4 и пол часа поминати во возење со велосипед, исполнети со безброј пејзажи, ќе се најдете во селото Зовиќ. Ова место е најпознато по Камениот мост или уште познат како “Филмски мост”, кој се наоѓа во непосредна близина на селото. Најдобар период за возење се летните месеци кога воедно ќе можете да направите една долга пауза и да се разладите во чистата вода на Градешка река.
Матка
Доколку истовремено сте љубители на пикник и на велосипедизам, Матка е вистинското место за вас. На само 15 км од центарот на Скопје, кањонот на реката Треска претставува одлична дестинација за возење велосипед за оние кои ги преферираат пократките дистанци.
Пред да продолжиме со пишување за следната дестинација за возење велосипед вреди да ја поздравиме и иницијатива на банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД - Скопје, и нејзиниот проект #ВозиОдСрце со кој се повикуваат граѓаните на почесто користење на велосипедите. Преку оваа иницијатива компанијата директно се залага за почиста и поздрава животна средина. Се што треба да имате за учество во оваа иницијатива е исправен велосипед, кацига и желба за водење на здрав живот. На www.voziodsrce.mk еднаш се регистрирате преку вашиот Strava профил и со секое следно возење почнувате да ги донирате извозените километри. А со крајот на кампањата, покрај тоа што заедно ќе извозиме илјадници километри на велосипед, Стопанска банка АД - Скопје ќе донира современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.
Маврово
Во рамките на Мавровскиот парк постои добро развиена мрежа на патеки за велосипедизам кои нудат прекрасни пејсажи и панорами. Патеките се добро маркирани, лесни за следење и се комбинација од асфлат и земја. Возењето велосипед во Маврово е можност за уживање во културните и природините убавини на Македонија. Патот ќе ве однесе низ различни убави и автентични села, пасишта, бачила, а кога ќе бидете жедни ќе можете да се напиете свежа планинска вода од неколкуте извори долж патеките.
Охридското крајбрежје
Прогласено за светско културно наследство и под заштита на УНЕСКО, охридското крајбрежје се карактеризира со богата историја, археолошки наоѓалишта, и природна убавина. Со должина од околу 30км, од самиот град па се до манастирот Св. Наум, турата по крајбрежјето на најстарото езеро во Европа може да биде многу интересна. Доколку возите во летниот период, попатно може да застанете и да се освежите со едно кратко капење или пијалок на некоја од плажите, да ја посетите праисториската населба и архелошкото наоѓалиште “Заливот на Коските”, или пак да го посетите живописното село Трпејца.
Македонија, навистина е убава, а посебно кога ја откривате со велосипед!