Евра на банкомат – уникатна услуга на ПроКредит Банка

Како банка лидер во иновативните, модерни технологии за банкарско работење ПроКредит Банка им нуди уникатна услуга на своите клиенти – да повлекуваат и дополнуваат евра директно на банкомат. Со оваа услуга клиентите на банката може со само неколку клика на банкомат да располагаат со евра и тоа без да трчаат до менувачница или да чекаат ред во работното време на експозитурите.

evra-na-bankomat-unikatna-usluga-na-prokredit-banka-01.jpg

ПроКредит Банка располага со ЕУР банкомат на сите свои локации со Зони 24/7 и тоа: Скопје (Ново Лисиче и Карпош), Велес, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Струга, Гостивар и Тетово. Зона 24/7 се модерни и автоматизирани експозитури кои работат 24 часа и нудат голем број на услуги како: уплата и исплата на денари и евра, сеф за дневен промет за компании, печатење на изводи, процесирање на налози за плаќање, уплата на кованици во денари на следниве локации - Карпош - Скопје, Струмица и Тетово, како и останати автоматизирани услуги.

evra-na-bankomat-unikatna-usluga-na-prokredit-banka-02.jpg

evra-na-bankomat-unikatna-usluga-na-prokredit-banka-03.jpg

Услугата за уплата и исплата евра на банкомат е достапна за сите клиенти на банката кои имаат сметка во евра и Mastercard картичка. Бидејќи Mastercard картичката на ПроКредит Банка е мултивалутна картичка поврзана со трансакциски сметки во денари и евра, истата им овозможува на клиентите пристап до сопствените сметки 24/7 и тоа и за време на празници, неработни денови и викенди.

Се што Ви е потребно за користење на овие уникатни поволности е да бидете клиент на ПроКредит Банка и да имате сметка во ЕУР!

Прочитајте повеќе како да станете клиент на ПроКредит Банка тука.

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Се слави Собор на Свети Архангел Гаврил – денот кога жените треба да се помолат за потомство Неговата икона секојдневно ви поминува низ рака. Дали сте забележале дека на бан...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg