Moдната групација Магнетик во нова соработка - овој пат со поп пејачката Аделина Тахири!
- Детали
- четврток, 18 јули 2019
По соработките со Каролина Гочева и Катарина Ивановска, модната групација Magnetik, ја најавува новата соработка со пејачката Аделина Тахири екслузивно за Magnetik Gallery за претстојната сезона есен/зима 2019.
Најновата соработка на познатата поп пејачка со исклучителен вкус за мода и стил, Аделина Тахири, ќе ги претставува колекциите за есен/зима 2019 на најголемиот луксузен мултибренд Magnetik Gallery вклучувајќи ги брендовите: Max Mara Studio, Weekend Max Mara, Sportmax, Paul and Shark, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ribkoff.
Во првото издание софистицираниот и современ стил на Аделина ќе биде претставен преку моделите од луксузните брендови Patrizia Pepe и Liu Jo.
Со нетрпение очекуваме да дознаеме што ќе биде следно.