Комерцијална банка со најповолен потрошувачки кредит на пазарот
- Детали
- понеделник, 15 јули 2019
Потрошувачки кредит со најповолни услови на пазарот нуди Комерцијална банка АД Скопје. Слушнавте ли за нашите нови каматни стапки? - Фиксна каматна стапка во првите две години од 4,9% годишно и променлива од 5,9% годишно за остатокот од периодот на отплата.
Потрошувачкиот кредит е до 30.000 евра со ЕУР клаузула и се нуди со рок на на отплата до 120 месеци доколку се аплицира до 30.09.2019 година.
Кредитот е наменет за вработени во редовен работен однос на неопределено време и вработени на определено време со непрекинат стаж од најмалку 12 месеци во конкретната фирма.
Барателите кои уредно ги измируваат своите кредитни обврски и имаат кредитна способност, можат да извршат рефинансирање на повеќе обврски преку овој атрактивен кредит на Комерцијална банка АД Скопје.
Повеќе информации за кредитот може да добиете на следниот линк.