Меѓу повеќе од 32 илјади пристигнати дизајни за етикета за Вегета - избрани 60-те најкреативни
- Детали
- петок, 05 јули 2019
По повод прославата на 60-от роденден, Вегета ги повика своите потрошувачи да станат дел од нејзината историја и да учествуваат во наградната игра со креирање на сопствена етикета за Вегета. Победниците од наградната игра, 60 – те најдобро дизајнирани етикети, во четвртокот во познатиот ресторан „Адриатик Грашо“ во Сплит, ги претстави шесточленото жири.
Крунослав Бешвир, директор на програмата Кулинарство во Подравка раскажа неколку интересни моменти од шеесетгодишната историја на Вегета, односно ја претстави роденденската кампања под наслов: „Вегета! 100% оригинална! 100% моја!“. „Всушност 60 – от роденден е идеалната прилика за мало освежување на нејзиниот надворешен изглед, бидејќи како што Вегета ја поттикнува креативноста во кујната, така нам ни беше желба корисниците да ја испробаат сопствената креативност со креирање на етикета за нејзината амбалажа“.
Исклучителните резултати од кампањата ги претстави Маринка Акрап, директорка на корпоративен маркетинг и комуникации во Подравка: „Не воодушеви одѕивот на нашите потрошувачи и креативноста која ја покажаа во дизајнирањето на етикети. Во период од еден месец ни пристигнаа повеќе од 32 илјади предлог дизајни. Во наградната игра, која се одвиваше во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, се пријавуваа и потрошувачи од Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Германија, Франција, Ирска, Италија, Словенија, САД, Холандија, Швајцарија, Косово, Канада, Грција и од Норвешка.“
„Вегета изгледа најдобро до сега“, се пофали Давор Брукета, креативен директор на агенцијата „Брукета&Зиниќ&Греј“, изразувајќи задоволство што со креирање на елементите за дизајн на етикета им помогнале на корисниците од целиот свет креативно да се изразат.
Александар Шекуљица и Иван Тандариќ од модното студио „ЕЛФС“ изјавија: Со оглед на тоа што дизајнот е наша животна преокупација, ни беше навистина огромно задоволство да ги прегледуваме и отценуваме дизајните и веруваме дека го одбравме навистина најдоброто. Покрај тоа, со дизајните на маичките со елементите од дизајнот на вегета кои се дел од нашата најнова колекција, добивме прилика да ја дадеме својата визија за вегета како бренд.“
И Петар Грашо во оваа прилика беше поприлично емотивен, односно се присети како Вегета го пратела низ целиот живот во неговиот семеен дом: „Иако во последно време , поради многубројните обврски немам време за готвење како порано, кога и да сум во можност, ја користам Вегета како сигурен пат до омилениот вкус и затоа ми е посебно драго што и во иднина ќе ги здружиме силите и заедно ќе работиме на проекти“.
Креаторите на 60-те најдобри дизајнирани етиекти ќе бидат посебно наградени, а сите пристигнати предлог дизајни ќе бидат испечатени на стакленката и ќе бидат во продажба оваа есен на пазарите на кои се одвиваше роденденската кампања.
Листата на добитници можете да ја погледнете на: 60godini.vegeta.mk