Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Обединети за утре

obedineti-za-utre-povekjeВо организација на трите младински организации, Гоу Грин–Биди Зелен, АИЕСЕК и Сојуз на Извидници се одржа семинар: “ОБЕДИНЕТИ ЗА УТРЕ – ПРЕЗЕМИ...

 

...АКЦИЈА СЕГА”. На 4ти Декември, Гоу Грин – Биди Зелен, АИЕСЕК Македонија и Сојуз на извидници на РМ одржа едно-дневен семинар на Економскиот факултет во Скопје.

Присуствуваа 100 учесници, членови на трите организации, на возраст од 14 до 22 години. Целта на семинарот беше да се подигне свеста, да се поврзат и мотивираат младите за да преземат активна улога во создавање на одржливо општество.

Отворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија на тема: “Улогата на младите во создавање на одржливо општество”. ЕУ Амбасадорот, Г-динот Ерван Фуере, покрај поздравниот говор, беше и панелист, заедно со Г-ѓа Љиљана Поповска (пратеник во собрание), Г-дин Методија Саздов (Претседател на Мак Зелен Центар) и Г-дин Петар Лазаров (Претприемач и ко-основач на Македонија Експорт).

obedineti-za-utre-2

Отворањето беше проследено со предавање од страна на Г-ца Лаура Рандма (АИЕСЕК практикант од Естониjа) на тема: “Предизвикување на погледот на светот”. Секоја организација одржа по две работилници на тема, одржлив развој (Гоу Грин), активирање на лидерство (АИЕСЕК) и биодиверзитет (Извидници). Затворањето на семинарот имаше форма на панел дискусија, каде што алумни од АИЕСЕК и Извидници, дискутираа на тема: “Што значи да си агент на позитивна промена?”.

obedineti-za-utre-1

Целта на семинарот беше и да придонесе за личниот развој на младите како и за нивно посуштинско поврзување, пренесувајќи моќна порака на обединување и создавање синергија.

Овој семинар претставува еден дел од иницијативата “ОБЕДИНЕТИ ЗА УТРЕ – ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА СЕГА”. Вториот дел е во подготовка и претставува “марш против загадување”, кој ќе биде реализиран наскоро.

Би можело да ве интересира:

Јове од Битола ја запроси саканата во аквариум во Анталија: „Taa ме ‘намириса’ дека спремам нешто“ „Изборот да ја запросам во аквариумот беше сосема ненадеен, кога влеговме беше т...
Каролина сподели приватни фотки од германската турнеја – На прошетка со сопругот, посети божиќен баз... „Дама пред сè“ - фановите не ги штедеа комплиментите за Каролина, откако пејачка...
„Бог да ми те чува и пази“ - Јоце Панов му го честиташе 5-тиот роденден на синот со семејни фотки Исти фризури, одење заедно на чорба... Јоце Панов по повод роденденот на синот Л...
Калиопи за пријателскиот однос со бившите сопрузи: „Веројатно сум ги избрала вистинските мажи“ „Најубавата слика што мене ми се случи во животот е во еден момент кога ги видов...
Кул и урбано: Мали бизниси во Македонија кои се занимаваат со изработка на накит Доколку сте вљубеници во персонализирани парчиња накит, тогаш сигурни сме дека ќ...
Емотивно видео со снимки од Андреј ДНК, креирано од фотографот Мартин Трајановски за сите починати в... „Ете, толку било. Македонија денес изгуби. Изгуби нешто што никогаш повеќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg