Виница - неоткриено богатство

Колку добро ја познавате Македонија и нејзините туристички капацитети...

vinica-neotkrieno-bogatstvo-02.JPG

Доколку сакате да ги истражувате убавините на Македонија и да го поддржите локалниот туризам вие сте на вистинското место

Во последните неколку години се чини дека стандардот на сместувачките капацитети и развојот на локалниот туризам почнува да добива свој облик и луѓето, посебно странските туристи, се охрабруваат се почесто Македонија да биде нивната егзотична дестинација за патување, планинарење, екстремен спорт или едноставно релаксирачки одмор.

Па така сите  оние кои истовремено го негуваат авантуристичкиот дух, но истовремeно не сакаат да се откажат од комфорот, патувањето низ Македонија повеќе не е проблем, туку станува полесно достапна и возбудлива дестинација. Од едно патување човек сè што може да посака е да посети место на кое дотогаш никогаш не бил, или доколку бил овој пат да го погледне со поинакви очи од еден поинаков ракурс и да ја запознае одблизу историјата и културата на таа земја преку архитектурата, уметноста, природата и се разбира домашната гастрономија.

Овој пат нашиот интерес застана на градот Виница и неговата околина. Оние кои малку подобро ја познаваат нашата култура и историја веднаш ќе направат асоцијација со познатите теракотни икони пронајдени на Виничкото кале. Самиот факт дека тука лежи познат археолошки локалитет говори за големината и важноста на овој дел од Македонија. Корените на христијанството се наоѓаат токму во Виница изразени преку овие теракотни икони. Тие се вбројуваат во редот на најавтентичните археолошки откритија и претставуваат драгоцен дел од целокупното Христијанско наследство.

Инаку Калето се наоѓа југозападно од градот Виница. Според површинските остатоци, населбата се простирала и на падините од ридот, како и на околните ритчиња. Со својата височина и положба локалитетот доминира над просторот од Виница, а има убава прегледност и над коритото на Брегалница.

Овој локалитет го привлекол вниманието на археолозите во 1978 година, кога археологот Цоне Крстевски донел во Музејот на Македонија пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави, дотогаш непознати, особено интересни за проучувањето на старохристијанскиот период. Така, од 1985 година се започнува со археолошки ископувања кои непрекинато траат до денес.

Кога ги прашавме жителите на Виница да ни препорачаат место за удобно да се сместиме добивме повеќе препораки за еден од поновите хотелски капацитети со 4 ѕвезди а тоа е Хотел Централ сместен во срцето на градот Виница. Тука не само што ќе добиете врвно хотелско доживување туку и ќе си овоможите разгалување во нивниот беспрекорен Спа центар.

vinica-neotkrieno-bogatstvo-01.jpg

Сè што ви преостанува е да направите план да ги спакувате нопходните работи со вас и авантурите ве очекуваат на неколку километри од дома.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg