Охридска банка воведува промотивни услови на кредитите за физички лица

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на кредитите наменети за физички лица.

ohridska-banka-voveduva-promotivni-uslovi-na-kreditite-za-fizichki-lica-01.JPG

Станува збор за промоции со кои се олеснува аплицирањето и отплатата на кредитите, на начин што банката ги исклучува административните трошоци, односно нотарските трошоци зависно од типот на кредитот.

Па така, ненаменскиот кредит „Лесен кеш кредит“ е достапен без административен трошок за апликации за кредити со вклучено кредитно животно осигурување (КЖО) до 14 септември, 2019г. Кредитот има гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот. На пример, за кредитот со модел 2+6 со вклучено КЖО во износ од 1.200.000 денари со рок на враќање од 8 години, каматната стапка за првите две години месеци изнесува 5,75%, односно ратата за првите две години е 16.257 денари, додека од дваесет и петиот до деведесет и петиот месец, ратата изнесува 17.090 денари, а каматната стапка е 7,55%.

Станбениот кредит „5+“ е достапен со одлични услови, без административен трошок за апликации до 14 септември, 2019 година и фиксна каматна стапка за првите 5 години. За станбен кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 20 години, со вклучено кредитно животно осигурување, за првата година каматната стапка изнесува 3,10%, а ратата би била 174 евра, за втората и третата година каматната стапка изнесува 3,30% а ратата 178 евра, а за четвртата и петата година каматната стапка изнесува 4,55%, а ратата 210 евра. По петата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор.

ohridska-banka-voveduva-promotivni-uslovi-na-kreditite-za-fizichki-lica-02.JPG

Понудата за кеш хипотекарниот кредит на Охридска банка дава можност за рефинансирање. Со овој кредит на клиентите им се дава можност да ги спакуваат сите свои обврски кои ги имаат по разни основи во други банки и да ги отплаќаат со една месечна рата која е особено поволна. Кеш хипотекарниот кредит нуди фиксна каматна стапка за првите 3 години, а дополнителната атрактивност на овој производ е тоа што во промотивниот период до 14 септември 2019 год., кредитот е достапен без нотарски и без административни трошоци.

Промотивните услови на кредитите за физички лица на Охридска банка Сосиете Женерал им овозможуваат дополнителни поволности на клиентите во остварување на своите инвестициски планови за нов дом, реновирање, патување и слични желби преку атрактивната понуда активна до 14 септември, 2019 година.

ohridska-banka-voveduva-promotivni-uslovi-na-kreditite-za-fizichki-lica-03.JPG

Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија посветена кон исклучително корисничко искуство и задоволство на клиентите, постојано создава квалитетни финансиски услуги, па во оваа насока ја создаде и промотивната понуда.

Повеќе информации за актуелните понуди на Банката можат да се најдат на веб страницата www.ohridskabanka.mk, Контакт центар 02 15 050, или во мрежата експозитури на Банката низ државата.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg