Вип за најмладите - Успешно завршен вториот циклус од едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“

Скопје, 11 јуни 2019г.  –   Со завршувањето на училишната 2018/2019 година, Вип ја заокружи втората фаза од едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“, која годинава опфати близу 1000 четврто - одделенци од 11 основни училишта во 11 општини во земјата.

vip-za-najmladite-uspeshno-zavrshen-vtoriot-ciklus-od-edukativnata-programa-internetot-ne-e-samo-igra-klikaj-bezbedno-01.jpg

„Ни претставува особена чест и задоволство што и оваа, втора година по ред, заедно со нашите партнери на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој  на образованието го поведуваме трендот за едукација на најмладите за тема која претставува неограничен ресурс за учење и надградба на идните генерации. Интересот од страна на учениците и наставниот кадар кој и оваа година не стивнува е дополнителна потврда за потребата од едукација и за ентузијастички пристап, особено за нашите колеги кои како волонтери се вклучуваат во овој проект” - изјави Елена Димовска, раководител на одделот за Корпоративни комуникации на Вип.

Во рамките на 60-минутните предавања, волонтерите од Вип, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето на светската мрежа. Беа опфатени учениците од  четврто одделение во: Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Неготино и Гевгелија.

Проектот “Интернетот не е само игра...Кликај безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Во рамките на проектот, минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg