Макпрогрес на FMCG summit во Скопје
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
Макпрогрес беше дел од FMCG самитот во Скопје - најголемата регионална конференција за трговија со стока за широка потрошувачка. Компанијата имаше свои учесници на самиот настан, презентациско претставување на своите шест бренда како и производи кои за присутните беа одлична закуска за време на паузите.
Овој самит е ексклузивно случување во трговскиот сектор во Македонија и е централно место кое ги поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите.
“Веќе петта година сме учесници и поддржувачи на настанот затоа што силно веруваме во можноста за инспирација, размена на искуства и идеи од овој настан. И годинава ги потврдивме очекувањата. Имавме можност слушнеме одлични презентации од големите играчи на динамичниот FMCG пазар и да понесеме нова визија за унапредување на процесите на работење.” истакна Марина Наскова од Макпрогрес.
FMCG Summit во Скопје се оддржа на 16 мај во хотелот Александар Палас а го посетија повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава. Организатор и оваа година беше магазинот InStore.