Рамазанските пости се во тек - еве што да јадете за време на овој голем муслимански празник
- Детали
- четврток, 16 мај 2019
Слично како во христијанската религија постите се карактеристични и кај муслиманите и тоа токму во овој период од годината кога се слави нивниот најголем верски празник Рамазан.
Рамазан, или на арапски: رمضان, е деветтиот месец во исламскиот календар. Во текот на целиот месец, верниците постат од изгрејсонце до зајдисонце. За време на постот, не се консумира храна или било какви пијалоци, а мислите мора да се чуваат чисти. Следбениците на исламот веруваат дека постот учи на трпеливост, скромност и духовност. Оброците се служат пред изгрејсонце, наречен сухор, и по зајдисонце, наречен ифтар, и вообичаено оброците се јадат со семејството или со локалната заедница. Иако на прва оваа рутина во постењето делува малце тешко сепак се работи за добра организација на оброците и внимателен избор на квалитетна, пред сè, едноставна и природна храна.
За време на Рамазан сухорот, кој се служи пред зори, треба да биде здрав оброк за да се обезбеди потребната енергија во текот на целодневниот пост. Кога сонцето ќе зајде, започнува молитвата и денскиот пост е прекинат со ифтар. Многу муслимани од прегладнетост можат веднаш да седнат на софрата и да јадат тешка храна која нема да им направи услуга. Препорачиво е во првите часови да се примени полесна храна за да се адаптира желудникот за покомплексен оброк. Верниците можат да продолжат да јадат и да пијат во текот на ноќта па се до следниот ден.
Денес е барем лесно да се дојде до намирници кои се квалитетни, лесни за подготовка и вкусни. Македонскиот производител на кондиторски производи Макпрогрес со својата богата програма на различни видови на производи може да ги олесни овие денови на пост со големиот избор на полуготови смеси за подготовка на десерти и солени деликатеси, потоа традиционални деликатеси како алва и локум или пак големиот избор на тортички, ролати и мафини кои покрај богатиот и незаборавен вкус тие се и доволно хранливи за да му ја дадат на организмот потребната енергија во текот на целиот ден.
Оставаме на вас да го одберете вкусот кој најмногу ви одговара!