Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Триглав Осигурување Скопjе во првиот квартал работeше добро во својата основна дејност

grupacija-triglav-na-trimesecje-ja-potvrduva-najavata-za-planirana-godisna-dobivka-001.jpg

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување.

Профитабилно работење. Групацијата Триглав во првото тримесечје од 2019-та година, оствари добивка пред оданочување во висина од 29,9 милиони евра (индекс 108 во однос на истиот период минатата година). На тоа влијаеше доброто работење во осигурителната дејност и повисоката нето добивка од продажбата на финансиски производи.

Раст на премија од 8%. Околностите на осигурителните пазари во југоисточна Европа оваа година остануваат под влијание на позитивните економски околности во последните неколку години, а истовремено на работењето влијае и заострената конкуренција во подрачјето на цени.  Групацијата Триглав во првото тримесечје оваа година, во однос на истиот период минатата година, оствари раст на фактурираната консолидирана бруто премија од 8%, што вкупно изнесува 317 милиони евра. Групацијата во поголемиот дел од пазарите бележи раст на премија над растот на премија на целокупниот пазар. Во Словенија, каде Групацијата Триглав има 76-процентен удел на консолидирана премија, растот на премија беше во просек 6% (пазарниот изнесуваше 5%), додека на пазарите надвор од Словенија растот изнесуваше 10%. Групацијата Триглав систематски ги спроведува зацртаните насоки од својата стратегија – ја прилагодува понудата кон потребите на клиентите од одредениот пазар, ги развива своите продажно-комуникациски канали (особено на пазарите вон Словенија, ја шири договорно-продажната мрежа и банкарскиот продажен канал) и спроведува активна маркетиншка продажна политика.

Гледано од аспект на поединечни сегменти на осигурување Групацијата оствари раст на премија кај сите видови на имотни осигурувања, а растот на целокупниот сегмент изнесуваше 9%. Во сегментот на осигурувања на живот и пензиските осигурувања премијата е намалена за 2%, превенствено поради пониската еднократна премија на осигурување, споредено со истиот период минатата година. Премиите од здравствено осигурување се зголемија за 20%, како последица на поголем број на склучени договори за осигурување и прилагодување на цените, на кои што влијание првенствено имаат обемот и растот на цени на здравствените услуги.

Релативно поволни штетни настани. Фактурираните бруто износи на штети  на Групацијата беа пониски за 3% во однос на истиот период минатата година и изнесуваа 166 милиони евра. Масовните штетни настани немаа поголемо влијание на овие износи. Нето трошоците за штети беа на очекуваната висина во споредба со оние од минатата година, кои беа релативно ниски, повисоки за 6%. Нивниот раст е 1 процентен поен над растот на нето приходите од премијата за осигурување во првото тримесечје оваа година (индекс 105), поради што коефициентот на штети ова тримесечје е нешто повисок од минатогодишниот. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав изнесуваше поволни 91,6% (88,5% минатата година)

Зголемен обем на средства за управување. Управувањето со имот во Групацијата Триглав опфаќа штедење преку услуги на осигурување и вложување во  взаемни и пензиски фондови. Друштвото ќерка за управување, Триглав Склади, при крај на првото тримесечје го зголеми обемот на срества за управување, на што влијаеа приликите на пазарите на капитал и нето приливот. Во взаемните фондови се управуваше со 662 милиони евра нето вредност на средствата, или со 9% повеќе, отколку при крај на 2018-та година, додека средствата за индивидуално управување со имот се зголемија за 20%, на 60 милиони евра.

Во 2019-та година групацијата Триглав, во согласност со стратешките насоки за јакнење на дејноста за управување со имот, на македонскиот осигурителен пазар основаше друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, Триглав пензиско дршутво АД, Скопје. Во Словенија успешно го заврши купувањето на друштвото за управување Алта Склади. Со двете друштва за управување групацијата Триглав стана водечки понудувач на взаемни фондови на словенечкиот пазар.

Реализирани повисоки приноси од финансиски вложувања. Групацијата, при крајот на март 2019-та година располагаше со 3,2 милјарди евра финансики инвестиции. Нивните приноси (без приносите од вложувањата на осигурениците на живот, кои го превземаат инвестицискиот ризик) изнесуваа 33,5 милиони евра, а на нивното зголемување, во споредба со минатата година, влијаеа повисоките нето приходи од продажба на финансиските средства и повисоките нето приходи поради промената на чесната/фер вредност. Нето приходите од камати, поради ниските каматни стапки сеуште се намалуваат.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар изјави: „Со работењето во првите три месеци од оваа година сме задоволни, а имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, ја потврдуваме најавата за планираниот годишен резултат. Со тим од над 5 илјади вработени ја следиме зацртаната стратегија и го развиваме Триглав во насока на современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот.“

Групацијата Триглав на македонскиот пазар

Експертизата, квалитетот на понудата и стратешкото управување со компанијата и со нејзините процеси придонесоа кон перформансите на Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2019-та година и доброто работење во основната, осигурителната дејност. Во овој квартал компанијата оствари подобар комбиниран коефициент, споредено со резултатот во истиот период минатата година, како и намалување на бруто оперативните трошоци и останати осигурителни расходи. Во овој квартал Триглав достигна и значајни 52% пораст во бруто полисираната премија во доменот на приватното доброволно здравствено осигурување.

„Триглав Осигурување Скопје останува на својот зацртан пат, одреден со стратегијата и со добрата пракса. Во првиот квартал од оваа година повторно понудивме одлични нови можности за клиентите. Ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ кој ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии. Воведовме и онлајн апликација за купување на здравствено-патничко осигурување, а секако работиме и на многу други можности, кои треба да го олеснат и подобрат животот на нашите клиенти. Тие се нашиот главен фокус и се трудиме да бидеме нивен партнер, да ги антиципираме нивните потреби и да излеземе во пресрет на нивните желби,“ изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот, членка на групацијата Триглав, која на крајот на 2017-та година започна да нуди осигурување на живот со компонента на штедење на македонскиот пазар, во првиот квартал од 2019-та година обезбеди 22% раст на бруто полисирана премија, споредено со истиот период минатата година. Компанијата продолжува активно да работи на едукација на пазарот за важноста и бенифитите на осигурувањето на живот, како и на збогатување на портфељот на производи, согласно потребите на пазарот.

Би можело да ве интересира:

Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Кристина Димитри за односот со бившиот сопруг: „Син ми нема полубрат, ниту брат – фамилијата е таа с... „Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Дани...
Штипската четворка наполни 1 година, мајката Благица со емотивна објава: „Не мислев дека толку брзо ... „Вие сте нашиот дар од Бога. Мама и тато ќе направат сè за да ја добиете на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg