Студенти од Градежниот факултет во Скопје се запознаа со градежните активности поврзани со Лимак Diamond
- Детали
- четврток, 28 март 2019
Над 30 студенти од отсек конструкција и геотехника од Градежниот факултет во Скопје, имаа можност да се запознаат со градежните активности во центарот на Скопје, каде се гради мултифункционалниот комплекс Лимак Diamond Скопје. Повеќе значаен комплекс за кој досега се информираа само од медиумите, а за кој имаа голем интерес.
Уште на самиот почеток на посетата студентите беа информирани дека Лимак како интернационална компанија става приоритет на највисоките здравствени и безбедносни процедури при процесот на градба, на сигурноста и здравјето на работниците, почитувајќи ги законските норми и прописи. Самите студенти мораа да стават заштитни кациги и наметки, со цел да можат безбедно да се движат на градежниот простор.
Она за што студентите најмногу покажаа интерес е како се испумпуваат подземните води, како тие се изолираа надвор од градежната област, како и за значењето на потпорните Ѕидови.
Градежните инженери од Лимак информираа дека се користи напредна технологија за изградба на овој проект, дека се користат посебни дупчалки и дијафрагми со кои се прават дупки поголеми од 14 метри како и потпорни ѕидови.
На лице место студентите можеа да се уверат за начинот на кој се изведуваат потпорните ѕидови, кои ќе се простира на повеќе од 17.000 м2, со столбови кои ќе бидат подолги од 15 км и ќе се спуштаат надолу за 14 + метри.
Сите присутни беа информирани за динамиката на изградба на комплексот. За подземната сообраќајница која прва се гради, а ќе вклучува тунел со 6 коловозни ленти кој ќе ги спојува примарните градски сообраќајни јазли, на површина од 325,000 квадратни метри и која се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Модерна подземна улица, во 6 ленти со должина од 800 метри, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.
Архитектот на Лимак Џеида Шех одржа презентација за сите елементи на овој комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици и трговски центар во согласност со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот - Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти. Ќе вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, хотел со казино и паркинг со капацитет за над 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.
Основана во 1976 година, Лимак Холдинг е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.
Лимак Diamond Скопје ќе понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше неуреден и запоставен, а граѓаните на Скопје, дел од градот на кој можат да бидат горди.