Данаилов: Го променив карактерот благодарение на Ланголо
- Детали
- среда, 27 март 2019
Никој не би помислил дека тема на разговор во еден обичен понеделник би можела да биде „машината со која се подготвува кафето“. Тоа за некој звучи смешно, меѓутоа за повеќето е секојдневна тема на разговор, земајќи предвид дека повеќето од нас сакаат да пијат квалитетно кафе.
Нашата дискусија со пријателите на ова тема започна во кафулето „Ланголо“. Локал кој се наоѓа во непосредна близина на романската амбасада во населба „Центар“. Мотивот на разговорот произлезе од самата специфична атмосфера во која се најдовме, мирисот на кафето што нѐ опои и шмекот на секој шмрк од нашите загреани шолји.
Не би останал рамнодушен ако не ви ја раскажам приказната на мојот пријател - адвокат Владимир Данаилов, која ако ја прочитате до крај можеби и за момент би размислувале како вистински италијанци. Луѓе кои во денот мора да одвојат барем еден час за другарување со кафето, луѓе кои и покрај турбулентниот начин на живот знаат што е важно за да го минимизираат стресот.
Таква личност е и Владимир. Кој адвокатските обврски и правните рамки низ кои гледа на работните ги стишува со неколку кафиња дневно. Данаилов за мене е голем љубител ама и познавач на кафето. Тој за себе вели дека кафето му дава повеќе сонце во денот, меѓутоа не какво било кафе, туку кафето на Верче, девојката која за него е најголемиот “виновник“ за стекнатиот истенчен вкус кој во „Ланголо“. Таа е вистинска подвижна енциклопедија, вели тој.
Додека ние зборувавме, Верче создаваше уметност пред нашите очи. Покрај уметник, таа се покажа и како советник на млади луѓе кои размислуваат што да консумират во тој момент. Сигурен бев дека тие луѓе поради нејзиното искуство го држеа постојано полно кафулето.
Владимир вели дека кафулето е отворено на вистинско место и во право време. Неговите хоризонти се проширени со првото доаѓање овде, а вкусот е проширен поради блендовите во „Марко Поло“, „Етиопија„ и „Карусо“. Овие имиња му станале секојдневни другари, а машините со кои се приготвува нивното кафе - вистинска опсесија. За него е многу битна машината и и ритуалот на приготвување, топлењето на чашите, асортиманот, но и самиот бариста, кои ги има на ова место.
Данаилов знае да се напие и до пет кафиња дневно, затоа важен е амбиентот во кој го поминува своето време, дизајнот исто така игра важна улога во сето ова, а во „Ланголо“ тој ги пронаѓа предностите. Позитивен прст покажува кон добрата херметичка илозација на кафето и неприсутноста на дополнителни засилувачи, кои му дават до знаење дека пие здраво кафе. Како што и споменав, тој има три омилени кафиња. Најмногу од сите преферира да го пие „Марко Поло“ бидејќи содржи мала количина на кофеин, „Етиопија“ го пие во специјални прилики, а на кафехоличарите како него им го препорачува „Карусо“ чија специфичност ги примамува неговите клиенти од Италија сѐ почесто да го посетуваат кафулето.
За мене лично разговорот ми беше нова лекција. Да изградиш карактер и личност, да создадеш репер за вкус, стил на живеење како што тоа го создал Владимир Данаилов, за момент ме поттикна да размислувам како прав италијанец - човек кој приоритетите во животот му се храната и пијалоците, понекогаш и фудбалот J.
Бидејќи за нас, најбитно од сѐ е да имаме карактер по кој ќе се идентификуваме пред останатите, јас повторно би го посетил „Ланголо“, затоа што сметам дека можам да научам многу.
Предноста овде е дека можам да ги затворам очите и за момент да се почуствувам дека патувам по цел свет.