Acid Triple - момците кои се здружени со огнот

Во светот постојат луѓе кои успеваат да го скротат огнот, да му се доближат и да се здружат со него. Но, и ние може да се пофалиме со таква жонглерска група, формирана уште во 2001 година, а е именувана како Acid Triple.

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 5

Составена е од Стефан Миладиноски, Марко Трајков, Душан Шешиќ и Огнен Илоски. Нивните перформанси претставуваат комбинација на жонглирање со огин, акробација и fire magic.

„Реквизитите и вештините кои ги користиме не ни дозволуваат да правиме грешки, при мало невнимание и погрешна проценка може да настанат несакани последици. Техниката којашто највнимателно треба да се изведува е исплукување на оган, една од најопасните и највпечатливите“, откриваат членовите на Acid Triple.

За нив перформансите претставуваат можност да ја покажат нивната креативна огнена приказна, којашто ја подготвуваат на тренинзите исполнети со многу дружење, но и напорна работа. Тие сакаат да приредат уникатно искуство за публиката, кое ќе го задржува нивното внимание.

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 1

Велат дека убаво е чувството кога по завршување на перформансот ќе им пристапи некој од публиката со позитивни импресии. За нив тоа е едно од нештата што им дава дополнителен мотив за понатамошната работа и посветеност.

https://www.youtube.com/watch?v=jypKrqR5qkM&fbclid=IwAR2BPEa0UIee5xE9YMhyalZT2ndN_0z-zM1F8uIrtSaJDoR7Slg5Y6uvQJ0

„Секоја вештина си има своја тежина и е потребно да се посвети внимание, но доколку постои желба, со вложен труд може за брзо време да се совладаат. Како покомплексни вештини би ги издвоиле contact движењата, каде што е активно целото тело“, додаваат момците од Acid Triple, кои покрај голем број настапи на журки и родендени, имаат настапувано и на Фестивалот на улични уметности Баскерфест во Скопје, настанот Широк сокак во бело, кој е во склоп на Бит Фест – Битола.

Покрај настапите во државата,  Acid Triple настапувале и во Хрватска, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Романија и на други локации низ Европа.

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 7

„Во изминатиот период повеќе ставивме акцент на фотосесии. Како поспецифични и понеобични би ги издвоиле фотосесијата во националниот парк Пелистер, каде што имавме прилика да го испробаме ефектот на оган и снег и фотосесијата во старата Битолска чаршија.

Што се однесува на настапите, во овој период сме ограничени заради временските прилики, затоа што поголемиот дел од настаните се одржуваат во затворен простор, меѓутоа се спремаме со полна пареа за летниот период, во кој настапите се многу побројни.

Во Македонија постои интерес за нашите перформанси, но мислиме дека има простор тоа уште повеќе да се популаризира. Сакаме да допреме до поголем број на луѓе, да дознаат што правиме и оваа уметност да почне почесто да се користи“, споделува групата Acid Triple, кои се подготвуваат за нови перформанси и доживувања во следниот период.

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 4

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 8

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 8

acid triple momcite koi se zdruzeni so ognot 8

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg