Едукација за Другаризација – во недела, 16.12.2018, совети за тоа како да се намали врсничкото насилство
- Детали
- вторник, 11 декември 2018
Скопје, (11.12.2018) Дојде моментот за пронаоѓање на методи за тоа како да се намали врсничкото насилство. Се покануваат сите заинтересирани, млади и возрасни, во недела, 16.12.2018, во Младински Културен Центар (МКЦ), денс арената, да се дружат и советуваат со тимот на Другаризација, поддржувачите и пријателите.
Другаризација е акција која го поттикнува пријателството, едукацијата и споделувањето на информации за борбата против врсничкото насилство. На акцијата ѝ се придружија многу лица и организации. Од голема значајност е поддршката од младите македонски YouTube-ри Изабела Пан, 100јан, Бамбо, Боби Бит бокс, Лорд оф Фејлс, Никола Артс Хоусе, Марта Девилиш, Слик, Чика тандер. Воедно, клучните совети ќе бидат од експертите и организациите како Бојан Кардалов (експерт за сајбер безбедност), Здружение на Млади Правници, Проект Среќа, младинската организација Поема, Здружение на граѓани Хесед, Евангелско Протестантската Иницијатива, Здружение на граѓани Еден Свет, хуманитарна организација АГАПЕ, Искра, Институт за Брак Семејство и Системска Пракса-Алтернатива и други.
Тимот на Другаризација упатува благодарност и до сите медиуми за поддршката, посебно Портрет, Нова Македонија, Вечер, Актуелно, Црно Бело, Радио Кочани, еМагазин, Вработување, 24Инфо, Радио Пела и Канал 77 кои како партнери дадоа сѐ од себе за зголемување на интересот за борбата против врсничкото насилство.