Која е најдобрата терапија за твојата душа и ум – Шопингот
- Детали
- среда, 21 ноември 2018
Во понеделник во вас не врие ниту еден атом енергија. Тоа го знаеме затоа што сите така се чувствуваат. Сепак, постојат неколку алатки како да го избегнете тоа чувство, како да ги наполните батериите и како да се рестартира движењето на животот.
Скопје се носи го испитаа ова прашање посветувајќи му цел едиторијал и со тоа би сакале и ние да ги споделиме нивните видувања. Без разлика дали понеделник или не, вие може да ја најдете најдобрата терапија за моментите кога се чувствувате без енергија, посебно сега кога започна сезонскиот попуст во „Румор“.
Го пренесуваме текстот во целост:
Дали и утрово ја почувствувавте понеделничката меланхолија? Како по некоја рутина, станавте нерасположени и одвај чекате денот да заврши? Ако дозволите тоа чувство да ве обземе, постои опасност да ви ја уништи целата седмица.
Имаме идеја како да го совладате насобраното незадоволство. Излезете од рутинското секојдневие и препуштете се на едно поинакво понеделничко утро. Наместо безволно да одберете неколку парчиња облека, дотерајте се! Бидете инспирирани, со повеќе волја, и отсликајте го вашето внатрешно чувство преку вашиот стил. Новата продавница на „Румор“ се наоѓа во јадрото на Дебар маало (погледнете најдолу за точната локација), во близина на „Coffee Factory“, во која секое парче облека е изработено со страст и внимание на најситниот детаљ, при тоа користејќи посебно избрани материјали.
Почестете се со необичен фустан составен од двете непогрешливи, модни евергрини – бела кошула и црно здолниште, но додадете „зачин“, како кај мазна темна чоколада со „експлозија“ на финишот со топло чили, рачно плетен џемпер со впечатливи нијанси и лаковани, дамски чевли кои го дополнуваат префинетиот изглед. И совршениот за ова студено време – сивиот, шик, волнен капут.
Додадете го и фактот дека во тек е попуст од 15% на најновата зимска колекција, а од 30-50% на есенската колекција, (а истиот попуст е во тек и во нивната продавница во Охрид која е база на „Румор“, локацијата е исто така подолу наведена), па несомнено е сето ова веднаш да ви поттикне насмевка. А попатно, по добар шопинг, угодете си со дневна доза подобрувач на вашето расположение, „декадентно“ добра – чоколада.
Девизата е: Chocolate is cheaper than therapy and you don’t need an appointment.
Ова е рецепт кој со сигурност ќе ви помогне да ги прегрнете понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Treat yourself right!
Моментите ги улови @iksolokin. Голема благодарност и до чоколатеријата „Chocol’art“ за отстапениот, бајковит простор.
* За точната локација на „Румор“ во Скопје кликнете тука: https://prnt.sc/lkqwjq
* За точната локација на „Румор“ во Охрид кликнете тука: https://prnt.sc/lkqwwi