Пивара Скопје донираше летниковец за жителите на Аеродром
- Детали
- среда, 10 октомври 2018
Благодарение на омилениот пивски бренд „Скопско“, во духот на неговиот слоган „За нас“, денеска жителите на населба Аеродром добија нов летниковец, донација од „Пивара Скопје“. Лоциран кај поликлиниката Јане Сандански, ова е ново место за дружење и за рекреација, каде што граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат времето заедно и да го негуваат маалскиот живот, кој за оваа населба е од посебно значење.
Летниковецот во Аеродром е најновата донација од вкупно 15 летниковци, кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, а која произлезе токму од духот на „Скопско“ пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни и на сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.