Шпаркасе Банка Македонија ја презеде функцијата Чувар на имот на средствата на пензиските фондови на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Шпаркасе Банка Македонија почнувајќи од 3.10.2018 година, ги презема активностите  и функцијата на Банка чувар на имот на средствата на пензиските фондови со кои управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

sparkasse-banka-ja-prezede-funkcijata-cuvar-na-imot-na-sredstvata-na-penzinskite-fondovi-na-kb-prvo-penzisko-drustvo-ad-skopje.jpg

По добиеното одобрение од Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување на Р.Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка Чувар на имот на средствата на пензиските фондови КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е акционерско друштво што управува со средства на пензиски фондови во Р. Македонија и е основано од реномирани финансиски институции, Комерцијална банка АД Скопје и Prva Group plc од Љубљана. Нивните фондови и инвестициски стратегии се добитници на престижни меѓународни награди и признанија и управува со најмногу средства на членовите во системот на капитално финансирано пензиско осигурување.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот на Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработени и 233 експозитури и регионални центри, опслужува околу 702.414 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg