Акција за вдомување бездомни кучиња во Стационарот „Вардариште“
- Детали
- среда, 03 октомври 2018
Вдоми – не купувај!
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 октомври, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“. Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 09 до 19 часот за сите љубители на животните коишто сакаат да си одберат куче за вдомување.
Кучињата што ги гледате на фотографиите во моментот се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени. Овие 60 кучиња се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.
Ги повикуваме љубителите на животни коишто планираат да купат миленик, да го посетат Стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок.