Вознемирувачко видео од Македонец: Го напаѓаат кучиња додека борда на Копаоник
- Детали
- среда, 17 јануари 2024
Македонец беше нападнат од кучиња додека борда на Копаоник. Тој го сподели видеото од нападот со цел да ги предупреди и другите уживатели во зимските спортови да бидат внимателни кога се спуштаат со даска или со скии низ падините.
Зимата е омиленото годишно време за сите оние што се љубители на зимските спортови, а голем број од нашите млади луѓе годинава се упатија кон ски центрите во земјава и во соседството за да уживаат во снегот.
Еден млад дечко од Македонија воопшто не очекувал дека може да биде нападнат од кучиња додека бордал, а видеото од нападот го сподели на социјалните мрежи.
Како што може да се види, кучињата тргнале да трчаат кон момчето кое се спуштало по падините и едно од нив го каснува за ногата.
Видеото е објавено како предупредување за големиот број уживатели во зимските спортови да бидат повнимателни и да внимаваат на дивите кучиња и другите животни додека уживаат во зимските спортови.
„Ако куче те види дека трчаш, нормално дека ќе тргне по тебе, затоа што мисли дека си играш!“ – стои во еден од коментарите.
Инаку, од останатите видеа може да се процени дека нападот не бил проблем за момчето да го продолжи одморот и да ужива во зимските спортови и понатаму.
Погледнете ги видеата од нападот:
Б. С. Б. | Црнобело