Преку замена на неразградливите пластични кеси, до почиста животна средина

Нова еко-акција на Пивара Скопје, Пакомак и Холандската амбасада

preku-zamena-na-nerazgradlivite-plasticni-kesi-do-pocista-zivotna-sredina-01.JPG

Во пресрет на 15. Септември - Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Кралството Холандија, спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина.

Во рамки на оваа акција, која се спроведе во соработка со трговските ланци Веро и Тинекс, на потрошувачите им беа поделени платнени торби како една од еколошки прифатливите замени за неразградливите пластични кеси.

Среќен сум што повторно, заедно со нашите партнери, колеги и пријатели, чиј број постојано се зголемува, спроведуваме нова акција преку која заедно испраќаме симболична, но силна порака дека сите ние како поединци можеме со своето однесување да придонесеме за почиста животна средина. Како компанија, Пивара Скопје е силно посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, што за нас е од огромно значење. Во континуитет спроведуваме конкретни мерки, ги надминуваме еколошките таргети поставени од државните институции и инвестираме значајни финансиски средства со кои меѓу останатото се обезбедува и ефикасност на системот за собирање и рециклирање на амбалажниот отпад. И во оваа прилика сакам да апелирам и до останатите компании и целото општество да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето на околината, со што креираме услови за одржлива иднина за нас и за идните поколенија“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

preku-zamena-na-nerazgradlivite-plasticni-kesi-do-pocista-zivotna-sredina-03.JPG

Најновата акција е дел од пошироката долгорочна платформа на Пивара Скопје и Пакомак, која се одвива под мотото „Рециклирате ли!?“ и вклучува најразлични активности, почнувајќи од едукација на младите и пошироката јавност за потребата од правилен третман, селекција и рециклирање на отпадот, како и волонтерски еко-акции за чистење на јавни површини. Досега, во рамки на оваа платформа беа организирани три волонтерски акции за чистење на брегот и водите на езерото Матка, како и на кејот на реката Вардар, во кои учествуваа вработени во Пивара Скопје, како и голем број волонтери од партнерските организации. Една од нив е Амбасадата на Кралството Холандија која активно учествува во сите досегашни активности. Всушност, најновата акција во рамки на платформата „Рециклирате ли!?“ е продолжение на проектот #ИмамТорба на Холандската амбасада.

preku-zamena-na-nerazgradlivite-plasticni-kesi-do-pocista-zivotna-sredina-04.JPG

Неразградливите пластични кеси се огромен глобален еколошки проблем за целокупната природа, особено за животинскиот свет во реките, морињата и океаните. Лично ќе бидам многу среќен доколку со денешната симболична акција ги поттикнеме луѓето да променат нешто во нивните секојдневни навики и со тоа, наместо да учествуваме во создавање на проблемот, заедно да бидеме дел од неговото решение“, истакна амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

Акцијата ја поздрави и Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) од каде упатија апел до сите граѓани да земат учество во заштита на животната средина, односно да го намалат користењето на пластични кеси кои не се био-разградливи и не можат да се рециклираат и при пазарувањето да користат платнени торби кои можат секаде да им бидат при рака.

preku-zamena-na-nerazgradlivite-plasticni-kesi-do-pocista-zivotna-sredina-11.JPG

Сите знаеме дека пластичните кеси наоѓаат широка примена во современиот начин на живот, но сметаме дека ние како потрошувачи прекумерно ги употребуваме и со тоа сме одговорни за загадувањето. Имено, во светот секоја минута се трошат и до еден милион пластични кеси, а само една на секои 200 од нив се рециклира. Останатиот дел многу често завршува во природата каде со десетици, па и стотици години го загрозува целокупниот жив свет, а со тоа и нашето здравје. Тоа повеќе не смееме да си го дозволиме, мора да кажеме „НЕ“ за пластичните кеси кои не се био-разградливи“, децидна е претседателката на ОПМ, Маријана Велкова Лончар.

И за Филип Ивановски, директор на Пакомак - првата специјализирана организација во земјава чија основна дејност е управување со отпад од пакување, проблемот може да се реши само доколку сите го преземат својот дел од одговорноста.

Oд пластиката како материјал за пакување не можеме целосно и веднаш да се откажеме, но употребата на неразградливите пластични кеси секако дека може драстично да ја намалиме, користејќи подолготрајни материјали за торби за повеќекратна употреба. Имено, најопасно загадување за живиот свет во морињата и океаните се токму пластичните кеси кои не се разградуваат“, објаснува Ивановски.

Заштитата и постојаното унапредување на животната средина се составен дел од стратегијата за одржлив развој на Пивара Скопје. Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во оваа област, како и практиките за одржливост на HEINEKEN, Пивара Скопје континуирано вложува и спроведува конкретни активности насочени кон правилно управување со амбалажниот отпад, како и намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на вода. Како еден од основачите на Пакомак, Пивара Скопје постојано вложува и во ефикасноста на системот за собирање и рециклирање на целокупниот отпад од пакување во земјата.

preku-zamena-na-nerazgradlivite-plasticni-kesi-do-pocista-zivotna-sredina-14.JPG

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША на www.polnacasa.mk

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg