Wizz Air го објави летниот распоред од Скопје за 2019 година - Картите се достапни од само 599* МКД
- Детали
- четврток, 30 август 2018
Скопје, 30 Август 2018 – Wizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com.
Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.
“Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје”. Изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.
Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.
За Wizz Air
Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, има флота од 104 Airbus A320 и Airbus A321 авони и нуди повеќе од 600 рути од 25 бази, кои ги поврзуваат 142 дестинации во 44 земји. Во Wizz Air, тим од околу 4.000 професионалци во воздухопловството обезбедуваат супериорни услуги и многу ниски цени на картите што го прават Wizz Air најпосакуван избор на 31 милион патници во изминатите 12 месеци. Wizz Air е наведен на LondonStock Exchange под тикер WIZZ и е вклучен во FTSE 250 и FTSE All-ShareIndices. Wizz Air е регистриран во рамките на International Air TransportAssociation (IATA), OperationalSafetyAudit (IOSA), глобален репер во признавањето на безбедноста на авиокомпаниите. Компанијата неодамна беше именувана 2017 - Европска авиокомпанија на годината од Aviation 100, реномирана годишна публикација која ги признава највозбудливите изведувачи на годината во воздушната индустрија.