Одиме на Reworks, омилениот фестивал на балканските технаџии
- Детали
- вторник, 07 август 2018
Ако сте вљубеник во електронската музика, а сè уште не сте отишле на Reworks фестивалот во Солун, тогаш сега е вистинското време.
Оваа сезона, Heineken преку својата голема наградна игра доделува билети токму за Reworks! Ако не сте сигурни зошто е целата оваа возбуда, прашајте го првиот технаџија што го познавате, или прочитајте подолу зошто вреди да играте за билети кои се доделуваат секој ден.
Reworks постои веќе 14 години, замислен како одговор на тогаш заспаната техно-сцена во Грција, додека градовите низ Европа ечеа од електроника. Создаден од група млади ентузијасти кои практично ја живеат оваа сцена, Reworks на почетокот го бараше својот идентитет, раскинат помеѓу влијанието на мрачниот и тврд на звук Берлин и опуштената и весела природа на жителите на Солун.
Тоа што го прави посебно интересен, е фактот што ова е можеби единствениот фестивал што нема постојана локација и секоја година посетителите имаат нова прилика да откријат уште едно, скриено делче од сложувалката на возбудливиот солунски андерграунд.
За македонската публика, во текот на последните години најпривлечни беа подготовките за Reworks – серија на таканаречените Preworks rooftop забави кои траат цело лето, а се одржуваат на покривот на солунскиот Met хотел. Границата помеѓу диџејот и публиката речиси и не постои, музиката е секогаш прилагодена на неверојатната атмосфера и зајдисонцето кои оставаат без здив, и нема некој кој си поминал помалку од “волшебно”.
Reworks посебно во последниве години е фестивалот каде можете да ги најдете најголемите и тешко достижни имиња на светската електронска сцена, кои со задоволство секогаш се враќаат тука, шармирани од енергијата која ја нуди овој фестивал, а покрај најдобрaта техно музика на Балканот, Reworks нуди широк спектар за љубителите на целокупната електронска сцена во комбинација со џезот, класичната музика, независните продукциски куќи и многу, многу повеќе.
За разлика од другите балкански фестивали, каде се е испомешано, и во иста вечер можете да налетате на “хевиметал” и турбофолк изведувачи, момците од Reworks знаат што сакаат и што пласираат. Па така многу повеќе вреди да ја гледате на пример Нина Кравиц во друштво на неа сличните, и во свој елемент пред публика дојдена само за неа.
А токму Heineken со наградната игра под име „Отвори го светот на музиката со Heineken” може да ве однесе на Reworks . Наградна игра создадена за љубителите на добрата музика, патувањата и авантурите, како и за сите оние кои уживаат во вкусот на пивото и сакаат да се забавуваат со одличните награди кои ги доделува Heineken.
Изминативе години и македонски диџеи имаа одлични настапи на Reworks, како на пример – Flooder, Bazel, Machki и уште неколку кои го трасираа патот на нашата публика до овој одличен фестивал. Оваа година листата на изведувачи е повеќе од импресивна, проверете ја програмата на www.reworks.gr.
Како што Heineken е симбол на отвореност кон светот и добар ноќен живот, Reworks е симбол за врвен квалитет и број еден фестивал на моменталната балканска електронска сцена. Одлична комбинација!.. А на вас е да го отворите светот на музиката!