Лауреат на „Златната камера 300 за животен опус“, на 39 ИФФК Браќа Манаки е Англичанецот Роџер Дикинс

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-01.jpg

Роџер ДИКИНС е роден на 24 Мај, 1949, во градчето Торквеј, Девон, Англија/Обединето Кралство. Студирал фотографија на Бет Академијата и на НФШ/Националната Филмска Школа во Лондон од 1972-75. Од тој ран период фотографијата останува негова трајна љубов, а потоа му се посветува на филмот, имајки два периода во својата кариера како кинематографер, првиот, британскиот, од средината на 1970-те кога снима филмови во англиската кинематографија (најмногу со режисерот Мајкл Редфорди: ANOTHER TIME ANOTHER PLACE/ДРУГО ВРЕМЕ, ДРУГО МЕСТО (1983), “1984” (екранизацијата на истоимениот с.ф. роман на Орвел во истата 1984-та год.) и WHITE MISCHIEVS/БЕЛИ НЕВОЛЈИ (1987), за пред тоа во 1986, со режисерот Алекс Кокс и со Гери Олдмен во насловната улога на Сид Вишиус, фронтменот на панк групата Sex Pistols, да го сними култниот филм, СИД И НЕНСИ, а  со реж. Мајк Фиџис го снима исто така познатиот филм STORMY MONDAY/БУРЕН ПОНЕДЕЛНИК (1988); И, вториот период-американскиот, кога во 1990, Со режисерот Боб Рејфелсон го снима својот прв американски филм ПЛАНИНИ НА МЕСЕЧИНАТА/MOUNTAINS OF THE MOON, за потоа во 1991` да го сними првиот филм БАРТОН ФИНК/BARTON FINK на браќата Џоел и Итан КОЕН, со кои ќе изгради најплодна соработка, станувајќи нивен партнер кинематографер, снимајќи ги сите нивни филмови од кои добива и најмногу Оскар Номинации . Еве ги 13-те Номинации, со кои останува рекордер во светски рамки, 8 се со други познати американски режисери, а со браќата Коен  има најмногу, вкупно 5.

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-02.jpg

Сепак со режисерот Френк Дарабонт, во 1995 ја добива првата Оскар Номинација за филмот, БЕГСТВО ОД ШОШЕНК/SHAW SHANK REDEMPTION (снимен во 1994, кога и ја добива наградата на ASC, потоа филмот ФАРГО (во режија на браќата Коен, 1997, втора Номинација за Оскар за најдобар кинематографер), КУНДУН/KUNDUN е на режисерот Мартин Скорсезе (Ном. Во 1998), продолжува со Коеновци, со: О БРАТЕ, КАДЕ СИ/OH, BROTHER, WHERE ART THOU? (2001), ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ БЕШЕ ТАМУ/THE MAN WHO WASN’T THERE (2002, за кој требаше уште тогаш да го освои првиот Оскар, но затоа ја доби првата од 4-те награди на Британската Филмска Академија/BAFTA), НЕМА ЗЕМЈА ЗА СТАРИ ЛУЃЕ/NO COUNTRY FOR OLD MEN (2008, награда на BSC и BAFTA), УБИСТВОТО НА ЏЕСИ ЏЕЈМС.../ASSASSINATION OF JESSE JAMES… (Номинација за 2008, во режија на Ендрју Доминик), ЧИТАЧОТ/THE READER, на режисерот Стивен Далдри (2009, поделена Номинација со вториот кинематографер, во тој филм, Крис Менџис), ВИСТИНСКИ СОЈ/TRUE GRIT (на браќата Коен, Номинација во 2011, плус 2 награди, на BAFTA и на BSC), па ПАД ОД НЕБО/SKYFALL (2013, на режисерот Сем Мендис), НЕСКРШЛИВО/UNBROKEN (во режија на Анџелина Џоли, според сценарио на браќата Коен, Номинација за 2015) и првиот, ЗАТВОРЕНИЦИ/PRISONERS (Номинација за 2014) и вториот филм во соработка со Канаѓанецот, режисерот и сценарист Дени Вилнев-СИКАРИО/SIKARIO, Номиниран за 2016, што беше во Компетицијата на нашиот фестивал Браќа Манаки во 2015, а за кој со право се очекуваше Роџер Дикинс конечно да го освои одамна заслужениот Оскар).

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-08.jpg

Нашата неколкугодишна упорност да го донесеме во Македонија/Битола, еден од најголемите живи светски кинематографери Роџер ДИКИНС, се оствари на наша најголема радост и тоа во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во сега веке новото антологиско дело од неговата богата ризница-BLADE RUNNER 2049. Филм креиран во соработка со канадскиот режисер Дени Вилнев/Denis Villeneuve, со кого предходно ги работеше нивните исто така две одлични остварувања, СИКАРИО/SICARIO и ЗАТВОРЕНИЦИ/PRISONERS (2013, кога и ја започнаа нивната успешна соработка, што ја крунисаа со Оскарот за Дикинс). Значи, Дикинс станува наш нов член во Клубот на великаните, по годинашниот освоен Оскар, при што, ние, на наша голема сатисфакција, упатувајќи му ја поканата за Лауреат на Златната Камера 300, му предвидовме Оскар за BLADE RUNNER 2049, за што конечно, по 13-те Номинации за Оскар, Дикинс се закити со многу порано заслужениот Оскар.

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-03.jpg

За големината на нашиот најнов лауреат сведочат импозантните бројки од 115 најразлични светски филмски награди и 148 Номинации.

Роџер Дикинс е со право во двојството, како британски/BSC и американски/ASC, кинематографер, еднакво респектиран од обете значајни светски асоцијации на кинематографери, кои за неговите филмови неколкукратно му ги даваа нивните годишни награди за најдобар кинематографер.

Конечно, како многу битно, негов најверен и најдоверлив партнер во животот и професијата, која се посвети на неговата кариера со сета своја љубов, е неговата прекрасна сопруга, Џејмс Елис Дикинс/James Ellis Deakins, со која е во брак од 1991 и која и самата е филмски професионалец, најчесто во неговите филмови како script supervisor.

 За нас како организатори на фестивалот Браќа Манаки, веруваме и за публиката и сите пријатели, доаѓањето на брачната двојка Дикинс во Битола и Македонија, како наши врвни VIP гости, ќе претставува голема чест, огромна радост и гордост, со што сме на најдобар можен начин во пресрет на уште едно супер успешно издание на најстариот светски фестивал посветен на уметноста на кинематограферите, годинава со најголемата sвезда на 39 Браќа Манаки-Оскаровецот и наш Лауреат на Златната Камера 300 за животен опус-Роџер Дикинс.

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-04.jpg

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-05.jpg

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-06.jpg

laureat-na-zlatna-kamera-300-za-zivoten-opus-na-39-iffk-brakja-manaki-e-anglicanecot-roger-dikins-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Нашата Марија стана светски шампион во кик-бокс и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израду... Пеце Јанкуловски од Битола со булдожер ископа ров за да спречи пожарот во тој ре...
Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко, а неговата сопруга Ивана на свет...
Мала глумица како мама и тато – Првите кадри на ќерката на Емра Куртишова и Петар Стојановски „Првиот филм на Лена“ – напиша Емра Куртишова на фотките во кои се гледаат првит...
Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...
Христијан ја запроси Џесика пред црквата Св. Јован – Канео во Охрид: „Тргнавме на прошетка и да запа... „Христијан ме запроси кога никој не очекуваше. Сите мислеа дека ќе ме запроси ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg