Нова извонредна позиција на Универзитетот Шефилд на светските ранг листи, позициониран повисоко меѓу првите 100 во светот
- Детали
- петок, 08 јуни 2018
(Скопје, 08.06.2018) - Универзитетот Шефилд е рангиран како еден од најдобрите универзитети во светот спорeд QS World University Rankings 2019, подобрувајќи ја својата позиција како водечки глобален универзитет во полето на наставата и истражувањето. Според новите истражувања и резултати, Универзитетот Шефилд ја подобри својата позиција на QS World University Rankings, сега рангиран на 75тото место во светот, што е зголемување од минатогодишното 82то место. Универзитетот ја подобри својата позиција и во Европа, со искачување на 22тото место.
Глобалното рангирање QS, кое постои веќе 15 години, е најчитаното меѓународно универзитетско рангирања во светот и обезбедува дефинитивен водич за најдобрите 1000 универзитети во светот, кои доаѓаат од 85 различни држави.
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот и единствениот кој работи во странство. Со премостување на Велика Британија со Југоисточна и Источна Европа, Меѓународниот факултет им нуди на студентите единствена можност да студираат за врвна британска диплома од Универзитетот Шефилд во нивниот регион. Со својот главен кампус лоциран во Солун, Грција, Меѓународниот факултет се состои од четири академски оддели - Одделот за бизнис администрација и економија, Одделот за психологија, Одделот за компјутерски науки и Одделот за англиски студии - и нуди широк спектар на додипломски и последипломски програми на англиски јазик во дисциплини на бизнис студии, психологија, компјутерски науки и англиски студии. Денес, освен од Солун, факултетот исто така нуди програми на Универзитетот на повеќе други локации низ Југоисточна и Источна Европа.
За повеќе информации во врска со додипломски и магистерски студии, но и за самиот факултетот, побарајте на следниот линк.