Lisca #Proud To Be Me: Горди на себе!

Во центарот на Љубљана, Lisca организираше несекојдневен event - Proud to be me. Ние жените често забораваме дека различноста не прави интересни и посебни. Дали сме високи или ниски, полнички или слаби, со корпа Г или АА...телото ни е дадено и какво и да е треба да го прифатиме и од него да извлечеме што повеќе. Тоа што не  дефинира е нашата личност, нашата приказна. Без оглед на наметнатите стандарди, секоја од нас има нешто со што може да се гордее.

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-01.jpg

Осумнаесет храбри девојки од Словенија, Хрватска, Б и Х и Србија во средината на мај прошетаа на Прешерновиот плоштад во Lisca костими за капење , порачувајќи дека без оглед на околината треба да најдеме сила и да сфатиме дека сме убави такви какви што сме. Па така Андријана не се оптоварува повеќе што е пониска и има заводливи облини; Барбара порачува дека и со некој килограм повеќе се чувствува одлично и може да биде добра спортистка; Елиса ги отфрлила диетите и приговорите, го сменила начинот на исхрана и конечно е задоволна во својата кожа, Шпела која има проблеми со говорот, се охрабри и гордо зачекори во светот... Да, ние жените сме прекрасни и моќни, а таа позитивна енергија можеме да ја пренесеме и на другите.

И како што се гледа ова лето навистина ќе заблескаме на плажа, без оглед на нашата градба. Трендовите на костимите за капење најавуваат живи бои, тропски мотиви, етно изглед и елегантни детали. Подеднакво модерни ќе бидеме и во едноделните костими за капење и во бикини особено ако на плажа  шетаме со дигната глава – горди на себе.

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-1.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-2.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-3.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-5.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-6.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-8.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-9.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-12.jpg

Повеќе на www.lisca.mk

#ProudToBeMe

#PonosnaNase

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-24.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-25.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-27.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-31.jpg

lisca-proud-to-be-me-gordi-na-sebe-44.JPG

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg