Како го претставуваат Охрид на листите за најевтини туристички дестинации за ова лето?
- Детали
- вторник, 24 април 2018
Како е преставена годинава Македонија, поточно нејзиниот најблескав бисер Охрид, на сајтот The Culture Trip?
Охрид често се наоѓа на листите на најубави и најевтини туристички дестинации во Европа, па таква е ситуацијата и за лето 2018.
Како е преставена годинава Македонија, поточно Охрид, на сајтот The Culture Trip?
Охридското Езеро е претставено како најскапоцениот камен во круната на Македонија.
На страна од убавите зборови за езерото, топло се препорачани средновековните цркви во Охрид, амфитеатарот од античкиот римски период и неверојатниот поглед од Самуиловата тврдина, при чие искачување наидувате и на прекрасна шума.
Како активности се препорачуваат пливање, нуркање и пловење со бротче.
Посочено е дека има евтино приватно сместување, дека Охрид е совршена дестинација и за млади и за стари и дека цените на вината започнуваат од 150 денари (2.5 евра), па нагоре.
Проценка на трошоци:
Дневен буџет: 20 евра
Шише вино: Од 2.5 евра, па нагоре
Хостел/Хотел: 20/25 евра
Целата листа на Theculturetrip (Охрид е најдолу)!
С. С. | Црнобело