Од робот до автостопер: Необични гости во Еден на Еден
- Детали
- среда, 21 март 2018
Неколку гости со необично хоби или уникатна приказна беа дел од неделната Еден на Еден епизода.
Публиката имаше можност да слушне доста интересни муабети, а Жаре се соочи Еден на Еден со:
- Милош Димковски, авантурист од Куманово, кој досега поминал преку 35.000 километри со автостоп, а за своите авантури објавил три книги под псевдонимот Евгениј Хоуп;
- Ренато, дете талент, за чии фудбалски способноста уште доста ќе слушаме;
- Марјана Павличек, една од ретките фотографи во Македонија која слика само актови;
- Филип Етмишовски – колекционер на автограми, кој во неколку години собрал автограми од многу светски познати личности како Владимир Путин, Ангела Меркел, Брижит Бардо, Ким Кардашијан и уште 400 други;
- Роби Реј, диџеј од Прилеп кој во својот настап вклучува и два специјално порачани костими, изработени во фабрика за роботи и со нив настапува како Лед Робот и Мирормен.
Во недела, пак, кај Жаре доаѓаат министерот за финансии Драган Тевдовски и актерите од македонскиот филм „Исцелител“. Но, и едно големо изненадување.
Не ја пропуштајте новата „Еден на Еден“ оваа недела од 18:50 на Канал 5.