Триглав Осигурување со нова услуга на пазарот - Онлајн обнова на полиси за автомобилска одговорност

Триглав Осигурување воведува нова услуга на пазарот, онлајн обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност. Клиентите обновата можат да ја направат на веб страната на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

triglav-osiguruvanje-so-nova-usluga-na-pazarot-online-obnova-na-polisi-za-avtomobilska-odgovornost-001.jpg

Оваа услуга им овозможува на клиентите на едноставен и брз начин да направат електронска обнова на полисите за осигурување од автомобилска одговорност. Обновата клиентите можат да ја направат без разлика дали нивната претходна полиса за автомобилска одговорност била склучена во Триглав и тоа најрано 30 дена пред истекот на претходната полиса.

Преку веб страната www.triglav.mk, можност да направат електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност имаат физички и правни лица, кои имаат валидна платежна картичка на Visa, или MasterCard, пристап до валидна електронска адреса и можност за печатење на полисата.

Обновената полиса за автомобилска одговорност и условите за осигурување од автомобилска одговорност клиентот ги добива на својата електронската адреса.

Триглав Осигурување овозможува и електронска обнова на осигурувањето од ризикот кршење на стакла и тоа во случај кога овој ризик бил вклучен во постоечката полиса, издадена од Триглав Осигурување.

За регистрирање на возило, на шалтерот на МВР во станиците за технички преглед задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на договорувачот на осигурувањето.

Развојот на осигурителната индустрија подразбира приближувањето на осигурувањето и неговите бенефити до јавноста. Тоа секако вклучува и олеснување на процесот на осигурување, затоа, убедени сме дека онлајн услугите се вистинскиот правец за исполнување на тие цели. Еден од главните фокуси во нашата развојна стратегија се клиентите и нивните потреби. Ги подобруваме постоечките производи и инвестираме во нови, иновативни производи и услуги, кои што на клиентите ќе им обезбедат дополнителна вредност, сѐ со цел да го понудиме најдоброто и од другата страна да се сретнеме со задоволни клиенти. Дигитализацијата на процесите и на каналите на комуникација секако е еден од најважните и најнеизбежните предизвици со коишто се соочуваме. Таа денес е предуслов за животниот стил и навиките, потребите и преференците на луѓето. Денес почнуваме да нудиме електронска обнова на полиси за осигурување од автоодговорност, а наскоро секако ќе понудиме и многу други дигитални решенија за нашите клиенти“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Би можело да ве интересира:

„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg