Нова силуета со Flexweave технологија претставена преку REEBOK CROSSFIT NANO 8
- Детали
- четврток, 08 март 2018
Reebok го претстави CrossFit Nano 8, силуетата која го претставува најновиот модел од добро познатата Nano колекцијата и ја носи посебната Flexweave технологија. Новиот модел е осмата верзија на Nano колекцијата, но е прв модел со револуционерната Flexweave технологија дизајнирана за спортисти кои тренираат интензивно.
Flexweave е најновата технологија од Reebok која ќе биде претставена во различни категории на патики во текот на 2018 година, но и во годините што доаѓаат. Flexweave материјалот се карактеризира со револуционерно горниште, кое се одликува со совршен баланс на леснотија, издржливост и стабилност.
Креирана како врвна патика за тренинг, Nano 8 обезбедува чувство на леснотија на ногата, а благодарение на Flexweave технологија ова се најудобните и најиздржливите патики кои овозможуваат дишење на стапалото.
Во исто време, „Figure-8“ ткаењето на новата силуета овозможува испреплетеност на неограничен број на влакна кои креираат компактна површина која дава поголема удобност и подобри перформанси преку специјално прилагодените зони.
Новите Nano 8 Flexweave се достапни во Sport Vision продавницата во Skopje City Mall и online.