Детали од свадбата на Антониа и Роберт: Влегоа со синот Киан, невестата со 2 венчаници и патики
- Детали
- понеделник, 11 март 2024
Невестата смени две венчаници и облече патики, првиот танц им беше на една од најромантичните песни од Оливер Драгојевиќ, присуствуваа многу гости од естрадата, а на веселбата влегоа со синот Киан... Како изгледаше свадбата на Антониа и Роберт?
Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг, Роберт Спасенцовски - Џокер, вчера направија голема свадба, скоро една година откако склучија граѓански брак.
Невестата носеше венчаница од Ателје Коцарева и имаше бидермаер од црвени рози.
Шминката и фризурата ги направи во студиото кај својот долгогодишен соработник, но и еден од најдобрите пријатели, Даниел Николовски.
Роберт, пак, за свадбата избра кежуал варијанта и беше облечен во бела маичка по кратки ракави, со црн костум и патики.
А, свадбата, беше со сите адети - започна дома, со веселба со тапани и народна музика, многу друштво, роднини и најблиските пријатели.
Парот потоа имаше црковна венчавка.
Оттаму заминаа во познат скопски ресторан, каде што се одржа свадбената веселба.
Антониа и Роберт во салата влегоа заедно со нивниот син Киан, кој беше облечен во црно-бела комбинација, исто како неговиот татко.
Беа пречекани со многу аплауз, па го одиграа првиот танц на една од најромантичните песни од Оливер Драгојевиќ „У мом загрљају“.
Невестата блескаше и не ја криеше својата среќа.
На фотографиите и видеата што нивните пријатели ги објавија на социјалните мрежи, им посакаа да бидат секогаш насмеани и заљубени како на денот на свадбата.
Во текот на веселбата, Антониа високите потпетици ги замени со патики.
Цела вечер играше и пееше, но и се фотографираше со гостите, меѓу кои имаше бројни соработници кои низ годините се грижат за нејзиниот изглед на сцената, но и многу музичари, нејзини и колеги на Роберт.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





