Скопје Мериот хотел ќе донира за ЈУ Специјален завод – Демир Капија
- Детали
- среда, 07 март 2018
(Скопје, 07.03.2018) - Во наредните неколку месеци, Скопје Мериот хотел заедно со своите вработени ќе собира материјални добра кои подоцна ќе бидат донирани во ЈУ Специјалниот завод во Демир Капија. Постои голем недостаток на потребни добра во институцијата, па тргнувајќи од помислата дека хуманоста почнува од самите себе, како и континуираната грижа за општеството се остварува и оваа соработка. Специјалниот завод во Демир Капија, кој постои повеќе од 40 години, згрижува лица со посебни потреби, а моментално таму се сместени 277 штитеници на возраст од 8 до 85 години.
„Придонесот на еден поединец е мал чекор кон развивање на хуманата свест кај пошироката јавност, но кога станува збор за поединец кој се сплотува со останатите од својот тим, ги презема работите во свои раце и ја носи хуманоста на повисоко ниво. На тој начин освен што се задоволени дел од потребите на оние кои се загрозени, се поттикнува и зајакнувањето на внатрешните односи и размислувањето во еден глас за една цел, тогаш целта е повеќе од постигната”, изјавија од менаџментот на Скопје Мериот хотел.
Покрај пазарната поставеност како лидер и бренд кој е добро познат во светски рамки по широкиот ланец хотели и по примена на високите стандарди во угостителството и хотелиерството, Скопје Мериот хотел се издигнува во овој сектор со високата општествена одговорност. Грижата за своите клиенти и интерната јавност се проширува во доменот на укажување помош и донации онаму каде што е најпотребно. Овој чекор е само дел од градењето подобра свест кај своите вработени кои ја претставуваат сржта на компанијата, начин на развивање подобар тимски дух и чекор кон уште посилна општествена одговорност.