Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

“Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” - Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет.

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-1.JPG

Скопје, 19 февруари 2018 г. – Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип започнува со реализација на едукативна и иновативна програма под името “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” наменета за најмладите.

Имено, од денеска па се до крајот на учебната 2018 година, вработените на Вип преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе ги запознаваат учениците од 4-то одделение  и ќе го збогатуваат нивното знаење за Интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, и притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-2.jpg

Почетокот на програмата која е прва од својот вид, ја означија Мислав Галер, Извршен директор на Вип и министерката за образование Рената Дескоска во просториите на ОУ “Гоце Делчев” во Скопје, каде денеска беа одржани првите предавања.

- Со оваа програма, Вип уште еднаш ја потврдува својата јасна определба да вложува во заедницата каде работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува. Живееме во дигитален свет, мобилните телефони и пристапот до интернет се нашето секојдневие, но и секојдневието на нашите деца. Затоа, ја креиравме оваа програма со која се надеваме дека ќе придонесеме кон едукација на најмладите и ќе придонесеме кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-3.jpg

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности кој ќе се спроведува во периодот од февруари до јуни 2018 година, ќе опфати повеќе од 700 четврто одделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Коле Неделковски“, ОУ„Владо Тасевски”, “ОУ„Јоаким Крчовски“, ОУ„Вера Јоциќ“,  ОУ„Ацо Шопов”, ОУ “Васил Главинов“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и ОУ„Кузман Јосифовски -Питу“.

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-6.jpg

- Градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации. Сигурна сум дека оваа програма ќе наиде на интерес кај децата и наставниците, но се надевам дека ќе го привлече и вниманието и на родителите како водечки воспитен фактор да ги подготват своите деца за предизвиците и можностите кои ги носи дигиталната ера. Децата се најголемите трагачи по знаење, секогаш љубопитни да дознаат повеќе информации, а е особено важно да бидат корисни и применливи за нивниот понатамошен развој, изјави Рената Дескоска, Министер за образование и наука.

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-4.jpg

Предавањата ќе бидат спроведувани од страна на обучени професионалци - вработени на Вип, кои со своето познавање и експериза преку практични примери и дискусија ќе им ја доловат на децата суштината на Интернетот.  

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.  

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-5.jpg

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип - www.vip.mk

vip-zapocnuva-so-edukativna-programa-za-deca-za-bezbedno-koristenje-na-internet-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg