За првпат - Македонци на листата "Forbes 30 Under 30"

На 22 јануари, со гала коктел во познатиот клуб 100 Wardour St. во Лондон, Forbes ја објави листата “30 Under 30 Europe” која истакнува 300 најдобри претприемачи, лидери и иноватори од Европа во 10 индустрии. Помеѓу избраните има претставници од 34 држави, меѓу кои славни личности како Дуа Липа, Рита Ора, актери од серии како Game of Thrones, Stranger Things итн, а најважно од сè, Македонија има дури двајца претставници - Нина Ангеловска од Grouper.mk и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.

za-prvpat-makedonci-na-listata-forbes-30-under-30-01.jpg

Нина Ангеловска, 29, коосновач на Grouper.mk е одбрана меѓу 30те најдобри во Retail & eCommerce

Во 2011 година, на 21 годишна возраст Ангеловска победи на натпревар за најиновативен бизнис план и неколку месеци подоцна го лансираше Grouper, првиот сервис за групно купување во Македонија кога само 1% од македонците купувале онлајн. Grouper денес има повеќе од 2500 соработници и над 170.000 регистрирани корисници. Нина е доктор на на науки, говорник на многу настани, предавач, тренер и консултант во полето на маркетинг и е-трговија. Во 2016 година Ангеловска беше препознаена како една од 100 жени основачи во Европа од страна на германскиот магазин TheHundert

za-prvpat-makedonci-na-listata-forbes-30-under-30-02.jpg

Жарко Димитриоски, 28, коосновач на маркетинг агенцијата Еден на Еден и познат ТВ водител е одбран меѓу 30-те највлијателни во Media & Marketing.

Жаре ја основаше маркетинг агенцијата заедно со својот брат во 2012 година и оттогаш истата станува една од ретките домашни агенции која нуди комплетно портфолио маркетинг услуги. Помеѓу нивните клиенти се вбројуваат некои од најголемите домашни компании, како и повеќе интернационални клиенти. Жарко во декември ја доби и наградата за претприемач на годината 2017 во Македонија од Сојузот на Стопански Комори, Министерството за Економија и МРФП.

za-prvpat-makedonci-na-listata-forbes-30-under-30-03.jpg

Листата за сите 10 категории може да ја погледнете тука..

Главниот извршен директор за содржини и уредник од Forbes, Rendall Lane, на самиот настан истакна дека оваа година имале преку 20.000 номинации од кои се одбрани најдобрите 300. Воедно им порача на одбраните да бидат горди дека ова е најпрестижниот клуб на млади луѓе во Европа, во кој е најтешко да се влезе.

za-prvpat-makedonci-na-listata-forbes-30-under-30-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Најдобри другарки од Македонија традиционално си прават исти тетоважи - овојпат стих од Каролина Гоч... Најдобри другарки од Македонија традиционално роденденски си прават исти тетоваж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg