Дали ви е потребен агент за недвижности?
- Детали
- среда, 26 јули 2017
Денес, кога понуди и реклами никнуваат од сите страни, а вие можете да пребарувате информации од удобноста на вашиот дом, може да ви делува бесмислено да плаќате за некој друг да го огласува вашиот имот или пак да пребарува понуди за вас. Контактот со луѓе е полесен од кога било, а дополнителни трошоци се последното нешто што ви треба.
Но, фактите кажуваат поинаку. Без разлика на тоа дали купувате, продавате, изнајмувате или барате недвижност под наем, ангажирањето на професионалец за недвижности ќе ви заштеди и пари и време, а што е најважно ќе ве заштити од стресот на компликациите кои можат да се јават додека трае процесот на договарање, но и по него. Како?
1. Ви овозможува пристап до повеќе понуди
Сетете се на долгите листи огласи во кои се бара или се нуди некаква недвижност. Професионалните брокери и агенти имаат лесен пристап до сите други недвижности понудени од други агенти, дури и до оние кои од различни причини не се јавно огласени. Можеби она што ви е потребно е токму на таква листа и контактот со агентот ви е единствениот начин да дојдете до него.
Дури и да нема вакви „скриени“ понуди во моментот, агентот добро ја познава областа во која што работи, така што може да ве насочи кон решение кое вие сте го превиделе. Штом ќе му кажете на вашиот агент што ви е потребно, тој ќе се обиде да го најде идеалното решение за вас преку сите контакти и ресурси кои му се достапни.
2. Ќе ви помогне да ги огласите вашите понуди и барања
Ако продавате или давате недвижност под наем, потребно е таа информација да ја пласирате пред што е можно поголем број на релевантни заинтересирани лица. Вашиот агент ќе ви помогне многу во оваа фаза бидејќи добро ги познава пазарот и побарувачката и ќе знае каде, кога и како да ја пласира вашата понуда. Со неговото најмување вашата цел станува и негова, така што нема да се грижите за тоа дали понудата ќе биде претставена во најдобро, но сепак реално светло.
3. Го заштедува вашето време
Агентите за недвижности секојдневно менаџираат процеси на селектирање понуди, преговарање и склучување договори. Благодарение на искуството и контактите кои ги имаат, тие можат да заштедат голем дел од вашето време. На пример, ако сте во потрага по нов дом, агентот за недвижности ќе ги пронајде домовите што ги задоволуваат вашите критериуми и се најблиску до вашите желби и потреби. Потоа агентот ќе стапи во контакт со продавачот и ќе ви закаже состанок за да го разгледате понудениот дом. Доколку купувате самостојно, ќе мора сами да го поминувате овој процес кој ќе ви одземе многу време и труд.
Слично на тоа, ако сакате сами да го продадете својот дом, ќе мора да одговарате на сите повици и заинтересирани купувачи, да закажувате состаноци и да одговарате на нивните прашања. Имајте на ум дека потенцијалните купувачи најверојатно ќе продолжат со својата потрага и ќе ве заобиколат доколку не реагирате брзо или пак сте зафатени и не можете да се видите кога ним им одговара. Вашиот агент ќе ги поттикне сериозните купувачи да го потпишат договорот веднаш штом ќе донесат одлука.
4. Го олеснува преговарачкиот процес
На многу луѓе не им се допаѓа идејата да склучат договор за недвижности со посредство на агент и чувствуваат дека директното преговарање со другата страна е потранспарентнo и им овозможува подобро да се грижат за своите интереси. Ова веројатно е вистина, под претпоставка дека и продавачот и купувачот се разумни луѓе кои се способни без никакви потешкотии да се договорат. За жал, оваа ситуација е реткост.
Како купувач, може да ви се допаѓа некој дом, но не и сите негови аспекти. Ако работите со агент, можете да го изразите своето незадоволство и да преговарате за преуредување на домот без да ги повредите чувствата на сопственикот со што ќе се појават несогласувања. Агентот за недвижности ќе ги пренесе вашите барања на сопственикот, кој како гласник ќе биде во подобра позиција за преговарање (за попуст, реновирање и сл.) без да дојде до непотребни потешкотии при склучување на договорот. Во улога на продавач пак, емоционалната приврзаност за вашиот дом може да ја намали вашата моќ за разумно преговарање, за што повторно агентот ќе ви помогне, без притоа да ве оштети.
5. Го прави купопродажниот процес посигурен
Ако одлучите да купите или продадете недвижност, купопродажниот договор е тука да ве заштити и да ве осигура дека сте во можност да се откажете од зделката доколку не се исполнети предвидените услови. Искусниот агент за недвижнини кој континуирано се справува со ваквите договори, детално е запознаен со условите кои треба да бидат наведени и знае како да се искористи договорот во ваша заштита, без разлика дали продавате или купувате некаква недвижност.
Кога купувачот и продавачот работат директно, тие можат (и треба) да побараат правен совет, затоа што секој од нив се очекува да дејствува во негов најдобар интерес, нема многу што можете да направите ако подоцна дознаете дека сте биле измамени за повеќе понуди или за состојбата на домот. Присуството на адвокат со кого ќе можете во секое време да зборувате за потенцијално купување или продавање на куќа, може да чини многу повеќе од провизиите на агентот до моментот кога трансакцијата е завршена.
6. Ќе биде тука за вас и по склучувањето на договорот
И од највнимателно осмислените договори можат да излезат компликации, понекогаш предизвикани од договорните страни, а понекогаш и заради трети лица или инситуции. Бидејќи се работи за големи трансакции, договорите често се склучуваат со голема доза на возбуда, по која што можат да се појават дополнителни прашања кои не биле дискутирани при склучувањето на договорот.
Ако сте избрале професионален агент за недвижности, тој ќе биде тука за вас и во периодот по потпишувањето на договорот, за сите прашања и недоразбирања, сè додека не бидете во потполност задоволни. Агентите и брокерите за недвижности се потпираат на референци и позитивни искуства на клиентите кои им помагаат во понатамошната работа. Затоа, освен бизнис етиката, за нив лично е од особена важност вие да бидете задоволни, а не само да се заврши трансакцијата и тие да ја земат нивната провизија.
7. Зад него стои компанија која гарантира професионалност
Ако направите добар избор, агентот ќе биде вашиот најдобар пријател за сите потреби поврзани со недвижностите. Но, како да знаете дали сте го избрале најдобриот? Покрај неговото лично искуство, треба да ја имате на ум и компанијата што стои зад него. Иако агентите ја вршат својата работа самостојно, нивната компанија им дава поддршка и безбедност, но и бара од нив максимален професионализам, бидејќи нивната лична репутација во бизнисот влијае на репутацијата на целата компанија.
Од Century 21, компанијата која е позната како глобален лидер во светот на недвижностите, го потврдуваат овој факт. „Поставувањето на цврсти стандарди во работата и изборот на агенти, и придржувањето кон овие стандарди се покажа како клучна предност за нашата компанија. На тој начин сме сигурни дека секој контакт, секоја соработка со нашите клиенти се одвива на највисоко ниво, а тоа воедно им дава и сигурност на агентите дека имаат поддршка во секој момент.“ - објаснува Дарко Костадинов, брокер за недвижности во Century 21.