Шпаркасе Банка Македонија со донација за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид!
- Детали
- среда, 12 јули 2017
Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност “Sparkasse Life”, Шпаркасе Банка Македонија реализираше донација кон Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид во вкупен износ од 378.780,00 денари за набавка на потребната медицинска опрема за физикална терапија. Преку реализација на донации Банката активно ги поддржува проектите од областа на здравството, со цел да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата.
Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија се третираат специјални видови заболувања, за кои е потребно континуирано подобрување на медицинската опрема со цел да се овозможи правилно и ефикасно дијагностицирање, како и овозможување современи третмани за физикална терапија. Донацијата беше реализирана со директна уплата на сметката на добавувачот на медицинската опрема „УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ“ од Скопје, кои се приклучија во оваа донација преку обезбедување соодветни и поволни услови за набавка на потребната опрема и вршење на инсталација.
„Преку промовирање на платформата „Sparkasse Life“ Шпаркасе Банка Македонија континуирано ја надоградува својата стратегија за општествена одговорност со нови проекти преку кои ги покажува заложбите за подигање на свеста за водење здрав живот и создавање здрави навики. Еден сегмент од оваа стратегија е и поддршката и развојот на здравствените установи кои претставуваат општествено добро на ниво на целата држава. Преку донација кон Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ја искажуваме нашата поддршка за подобрување на условите во здравството и овозможување третман на пациентите според најсовремени методи на лекување. “ – изјави г-ѓа Елена Богданова, претставник од менаџерскиот тим на Шпаркасе Банка Македонија.
„Покрај банкарските понуди и услуги што се дел од нашата секојдневна комуникација со националните установи и институции, ние ги следиме потребите и барањата што имаат за цел подобрување и развој на општествените и здравствените услови, на локално и на регионално ниво.“ – се надоврза г. Зоран Дичевски, регионален директор на мрежата Западен регион во Шпаркасе Банка Македонија.
Поради отсуство на инвестициски фонд за перманентно финансирање на здравствените установи во делот на обнова и замена на стара амортизирана медицинска и друга опрема, Шпаркасе Банка Македонија преку реализација на оваа донација придонесе да се набави потребната опрема со која ќе може да се применуваат нови современи методи за дијагностицирање и лекување.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.