Петиција: Стоп за временото ограничување на продажбата на алкохол

Ограничување за продажба на алкохолот наместо да ја намали ја зголеми конзумацијата на алкохол кај младите.

peticija-stop-za-vremenoto-ogranicuvanje-za-prodazba-na-alkohol-001_copy.jpg

И по девет години граѓаните не ја прифатија законската одредба за времено ограничување на проджбата на алкохолот. Навиките на луѓето не се променија, а не намали ниту консумацијата на алкохол кај младите.  На социјалните медиуими се поголема поддршка добива граѓанската петиција за укинување на оваа одредба, која ги органичува граѓаните да купуваат алкохол по 19:00 часот во текот на зимата и по 21:00 часот во текот на летото.

Граѓаните преку оваа иницијатива се обидуваат да соберат што повеќе подржувачи, по што оваа иницијатива ќе ја достават и до надлежните институции. Во основа на оваа иницијатива лежи слободната продажба на алкохол, за лица над 18 години, без никакви временски или било какви други ограничувања. 

Мерката за ограничување на продажбата на алкохолот беше донесена пред 9 години кога беа усвоени  на измените во Законот за трговија со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци и се воведоа дополнителни лиценци за продажба на алкохол во малопродажните трговски објекти, со важност од 2 години. Сега, членките на Здружението за трговија при Стопанската комора на Македонија бараат од новата Влада да ги укине овие законски решенија.

Новоформиранта Влада се уште не се изјаснила за ова прашање, дали ќе ја прифати и разгледа оваа иницијатива или пак Владата самоиницијативно ќе ги разгледа ефетктите од овој закон. Тоа е  за очекување особено ако се земе во предвид фактот дека со измените на Законот за трговија сериозно се намалија приходите во буџетот по основа на акциза. Освен државата штета од измените на Законот за трговија имаат и производителите на пиво во Македонија, кои бележат пад на проджбата.

Иако една од целите на измените на Законот за трговија беше намалување на конзумацијата на алкохол кај младите, особено кај малолетните лица, резултатите покажуваат нешто сосема друго. Имено, извештајот на Институтот за здравје на Република Македонија покажува дека конзумацијата на алкохолот кај младите се зголемува.  Тоа значи дека не само што законот не ги постигнал посакуваните цели, туку и дека не се почитува забраната за продажба на алахохол на малолетни лица.

Фактичката ситуација покажува дека рестриктивните забрани и ограничувања не ги постигнуваат резултатите. Напротив има спротивни ефекти, односно конзумацијата кај маладите се зголемува, а се зголемува и продажбата на алкохол на црно.  Оттука евидентно е дека ограничувањето на продажба на алкохолот не е решението за намалување на конзумацијата кај младите. Доволно е само да се почитува забраната за продажба и конзумација на алкохол која иако е на сила веќе подолг период не се практикува.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Мелита Ракичевиќ: „Плукав крв, стресот беше огромен и по 18 години ѝ кажав збогум на телевизијата“ „Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од теле...
Сопругата на Тони Михајловски со емотивна објава: „5 години од дијагнозата канцер, 5 години во грч и... „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна за...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg