Започна пријавувањето за доделување стипендии од Еуролинк за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“

Еуролинк осигурување во рамките на платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“ четврта година по ред распишува конкурс за доделување 35 Еуролинк стипендии за 25 студенти  додипломци и 10 стипендии за  суденти на постдипломски студии, од Правниот факултет „Јустинијан Први “ во Скопје.

zapocna-prijavuvanjeto-za-dodeluvanje-stipendii-od-eurolink-za-studentite-od-pravniot-fakultet-justinijan-prvi-01.jpg

Право на аплицирање за добивање Еуролинк стипендија имаат сите редовни студенти кои се запишани на прв и на втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“, во Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2016/2017 година и кои исполнуваат услов за упис во учебната 2017/2018 година. За доделување на стипендијата потребно е студентите да ги исполнат следните услови: студентите да имаат остварено  просечен  успех од положени испити од најмалку 8,5,  да не се корисници на друга стипендија, да го задржат статусот редовен студент со просечен успех од 8,5 во учебната година кога ќе ја користат стипендијата. Притоа, студентите имаат можност да аплицираат за 35 целосни стипендии со кои ќе може да ги покријат трошоците за кофинансирање.

Еуролинк ги поканува студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ да ги поднесат своите апликации за „Еуролинк стипендија“од денес, 15.6.2017, до 1.10.2017 год.  За начинот на доставување на документите, потребните документи и апликацијата,  студентите може да се информираат и да ги преземат од интернет-страницата на Еуролинк . Пријавите кои немаат целосна документација и коишто не се доставени навремено и на наведениот начин нема да се разгледуваат и да се оценуваат.

„Посебен акцент ставаме на образованието како основа за создавање доброобразовани поединци. Поддршката и енергијата кои ги вложуваме во овој важен сегмент во општеството имаат за цел да им помогнат на луѓето да се оспособат за да си помогнат самите себеси и на другите,  да создадеме доброобразовани генерации, кои ќе бидат носители на напредокот во нашето општество “, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк Осигурување.  

Еуролинк стипендиите се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање и како поттик за успешно завршување на нивните студии. Доделувањето на стипендиите за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк - вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Би можело да ве интересира:

Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg