Пензиските друштва ќе ги информираат граѓаните за придобивките од членството во пензиските фондови

Како да станам член на вториот и третиот пензиски столб, колку моите средства се безбедни, колку пари досега имам заштедено за пензионерските денови, кога може да почнам да ја користам пензиската заштеда и дали може да ја подигнам цела ..., се прашања кои најчесто си ги поставуваат граѓаните кои членуваат во задолжителните и/или во доброволниот пензиски фонд во земјава. Одговорите на сите овие прашања сега може да ги добијат на интернет страницата, каде ќе најдат бројни корисни информации поврзани со пензиските заштеди и начинот на функционирање на пензиските фондови на друштвата НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

penziskite-drushtva-kje-gi-informiraat-gragjanite-za-pridobivkite-od-clenstvoto-vo-penziski-fondovi-01.jpg

Двете пензиски друштва во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) деновиве почнуваат со интензивна кампања за информирање на јавноста околу членувањето во задолжителните и доброволните пензиски фондови со кои управуваат, за правата и обврските на осигурениците, како и за организацијата и функционирањето на пензиските друштва. Целта на кампањата е да се зголеми нивото на информираност на граѓаните во врска со реформираниот пензиски систем, пензиските фондови и придобивките што ги имаат од членувањето во нив.   

- Со реформите во пензискиот систем во Македонија  се воведоа  вториот пензиски столб кој функционира 12 години и третиот пензиски столб  кој функционира повеќе од 7 години, но сепак кај дел од населението сѐ уште постојат одредени недоумици поврзани со нивното функционирање. Токму затоа и ја создадовме страницата каде што на едно место осигурениците ќе ги најдат сите потребни информации поврзани со пензиските фондови, а ќе добијат и одговор на сите прашања и недоумици поврзани со пензискиот систем – велат од НЛБ Нов пензиски фонд и КБ Прво пензиско друштво.

Во двата задолжителни пензиски фондови во земјава (втор столб), заклучно со април годинава членуваат 437.940 членови и времено распределени лица, додека 23.271 лице се членови во еден од доброволните пензиски фондови (трет столб). Првиот и вториот столб се задолжителни за сите лица кои првпат се вработени по 1 јануари 2003 година, при што тука се слеваат пари издвоени од бруто-платата на вработените и истите може да се користат по остварување на правото на пензија. Во третиот столб членуваат лица кои сакаат да штедат дополнителни приходи за пензионерските денови.

penziskite-drushtva-kje-gi-informiraat-gragjanite-za-pridobivkite-od-clenstvoto-vo-penziski-fondovi-1.jpg

Задолжителните членови во вториот пензиски столб треба да одберат еден од двата задолжителни пензиски фонда со кои управуваат НЛБ Нов Пензиски фонд АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во рок од три месеци од датумот на првото вработување. Доколку не склучат договор со некое од друштвата во тој рок, Фондот на ПИОМ и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС ги распределуваат времено  во еден од од фондовите. Доколку осигуреникот не знае во кој фонд е распределен и чиј член е, таа информација може да ја провери во МАПАС на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефонскиот број 02 3224 229.

Сите членови на пензиските друштва секоја година добиваат извештај за износот на средства на индивидуалните сметки. Секој член може да ја провери својата пензиска заштеда во секое време на интернет страницата на пензиското друштво во кое членува (www.kbprvo.com.mk или www.nlbnpf.mk) со внесување на неговото корисничко име и лозинка кои се доставуваат во годишните извештаи.

penziskite-drushtva-kje-gi-informiraat-gragjanite-za-pridobivkite-od-clenstvoto-vo-penziski-fondovi-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg