Најдобрите зделки за училишна опрема во Скопје Сити Мол

najdobrite-zdelki-za-ucilisna-oprema-vo-skopje-city-mall.jpg

Светот на децата што одат во училиште со себе носи безброј обврски, но ќе се согласиме дека училиштето е незаборавен период од животот, во кој децата ќе научат многу нешта за светот и за луѓето и ќе стекнат безброј пријателства, од кои некои ќе траат цел живот.

Деветтолетката е своевиден крај на раното детство, па за многу родители не е лесно одвојувањето од децата, а особено од првачињата. Затоа голем број родители се обидуваат да најдат начин да им го направат училиштето интересно и убаво искуство и на весел и неоптоварен начин да им дадат ветер во крилјата за да уживаат, црпат знаења и да ги развиваат своите потенцијали. 

Скопје сити мол ги споделува грижата и настојувањата на родителите да креираат волшебен свет за своите малечки што овој септември тргнуваат на училиште. Во таа насока тој креираше голема училишна промоција „Колку грепки, толку петки“, каде што родителите и децата ќе најдат огромен избор на училишна опрема, прибор, тетратки, ранци, торби, кутии за ужинка, дополнителни реквизити и помошен материјал и фантастичен избор на гардероба што ќе го разубави првиот училиштен ден.  

„За убави, позитивни училишни денови, важно е да ги охрабриме децата да бидат во добар контакт со другарчињата и со наставниците, да комуницираат пријателски и со почит, да учат посветено и да грабаат знаења и вештини, но дополнителна сигурност ќе им овозможи и навремено подготвената училишна опрема, ранец, тетратки, прибор, можеби и некоја нова маичка со омилените јунаци, нов детаљ што ќе предизвика радост и возбуда и добро и позитивно чувство во новата околина. Ги поканувам сите родители и нивните дечиња да уживаат во сé што им подготвивме за добар старт на училишната година и им посакувам на сите многу петки“ - изјави Дарко Панчевски од Скопје сити мол.  

Со секое пазарување над 1.000 денари во продавниците што учествуваат во кампањата, потрошувачите ќе можат да ја приложат фискалната сметка на пултот за регистрација и да добијат грепка. Секоја грепка е добитна грепка во која се кријат многу подароци и изненадувања; плејстејшн  4, велосипеди, ваучери од книжарница Икона, училишни ранци, несесери и училишни комплети.  Децата ќе можат да уживаат во креирањето на својот нов, забавен училиштен живот, да одбираат училишна опрема со омилените бои, ликови и дезени, но и да се забавуваат за време на викендите во еду-корнерите од 12 до 14 и од 19 до 21 часот, каде што ќе прават научни експерименти и ќе пробаат многу иновативни трикови.

Дополнително, од 1 до 4 септември, сите пресреќни родители што сакаат да го овековечат почетокот на оваа училишна година и да го израдуваат своето прваче креирајќи незаборавен спомен од таа првосептемвриска еуфорија, ќе имаат можност да го посетат фотокорнерот „И јас сум прваче“ создаден токму за нив.

Следејќи ги трендовите и ослушнувајќи ги потребите на родителите и на учениците, Скопје сити мол со училишната промоција „Колку грепки, толку петки“ настојува да го развива добриот однос и да држи чекор со високите очекувања на потрошувачите, обезбедувајќи им ги најдобрите зделки за училишна опрема со кои Скопје сити мол ќе го напуштаат само среќни и задоволни посетители.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg