Колективното приватно здравствено осигурување е веќе достапно и во Македонија
- Детали
- вторник, 12 април 2016
За успешно остварување на поставените бизнис-цели и за уживање имиџ на добар работодавач во јавноста, компаниите имаат императив да вложуваат во потенцијалот на човечките ресурси.
Корпоративната култура во западните земји ги препознава и ги следи суштинските потреби на своите вработени, истовремено водејќи грижа за нивниот интегритет и за нивното здравје. Колективното приватно здравствено осигурување, кое бележи растечки тренд во овие земји, е тип на осигурување што нуди бенефити како за вработените, така и за сопствениците на компаниите што се подготвени на своите вработени да им обезбедат квалитетна здравствена заштита.
„Еуролинк осигурување“ е единствената осигурителна компанија во Р. Македонија која нуди осигурителен пакет за Колективно приватно здравствено осигурување со сеопфатно осигурително покритие за сите услуги во приватните здравствени установи и приватните болници („Систина“, „Филип II“, „Ремедика“ и други).
Со ова покритие вработените во една компанија можат да се лекуваат во приватна здравствена установа по свој избор и кај доктор кого го преферираат. Секако, најголемиот бенефит е што на овој начин се избегнуваат долгите процедури и се добива лекарска услуга веднаш.
„Ја препознавме потребата за едноставна, брза и стручна здравствена заштита. Затоа креиравме продукт со кој граѓаните добиваат здравствен бенефит каков што заслужуваат. Со Колективното приватно здравствено осигурување добивате лекување во установа по ваш избор и можност самите да изберете термин и лекар, што претставува големо олеснување во сè подинамичното секојдневие. Од перспектива на работодавачите, со ова осигурување се намалува отсуството од работа, односно честите боледувања, и демонстрираната грижа за вработените го зголемува нивното задоволство од работата, а задоволните вработени се основа за остварување на бизнис-целите“, објаснуваат од „Еуролинк осигурување“.
Колективното приватно здравствено осигурување опфаќа покритие до 6.000 евра, болничко лекување со или без хируршки интервенции, трошоци за вонболничко лекување, вклучувајќи сеопфатна и најмодерна дијагностика, специјалистички прегледи, лабораториски анализи и тестови, можност за превентивни прегледи по избор на корисникот, користење болничко возило, трошоци за итно стоматолошко и офталмолошко лекување, како и можност за осигурување дополнителен ризик - породување.
Дополнително достапна е и можноста за осигурување членови на семејството на вработените и плаќање на премијата на рати без камата.
Овој тип осигурување е потреба, но и одличен начин да се мотивираат вработените. Како движечка сила на компанијата, тие се највредниот капитал во кој може да се инвестира секојдневно, а резултатите секогаш да имаат позитивен ефект.