Елена Најдоски во смел фустан во ноќен клуб во Калитеа, позира заљубено со сопругот
- Детали
- вторник, 20 август 2024
„Грчка вечер со најдобриот Константинос Аргирос“, напиша Елена Најдоски, која со сопругот и другарките се забавуваше во клубот Markiz Experience во Калитеа.
Елена Најдоски ужива во летото, а поголемиот дел од времето последниов период го поминува во Грција, каде што со сопругот Бојан имаат куќа.
Водителката, која често споделува фотографии и видеа на Инстаграм и од новиот дом, но и времето поминато во Грција, овој пат откри дека со другарките и сопругот била во клубот Markiz Experience, во Калитеа.
Таму, минатата сабота (17.08) настапуваше еден од најпопуларните грчки пејачи, Константинос Аргирос.
Елена сподели дел од атмосферата во клубот и не го криеше воодушевувањето од неговиот концерт.
„Грчка вечер со најдобриот Константинос Аргирос“, напиша таа на Инстаграм.
За забавата, Елена избра црн фустан со исечоци околу градите и длабок шлиц, и впечатлив накит, а косата и беше собрана.
Веќе следниот ден, таа и Бојан се опуштаа на плажа и уживаа во крајот на викендот.
Повеќе фотографии во продолжение:
А. Ј. | Црнобело