Покана за приклучување во проектот “Разбуди се – Преземи акција”
- Детали
- понеделник, 04 април 2016
44 млади луѓе од 7 различни земји ќе дојдат во Маврово, Македонија за да учат и разменат знаење и идеи за климатските промени и за заштитата на животната средина.
Младинската размена ќе се одржи од 4 до 13 април, кога млади од Македонија, Шпанија, Грција, Германија, Норвешка, Хрватска и Велика Британија ќе се ангажираат за да најдат решенија и да преземат акција за заштита на животната средина и да се намалат последиците од климатските промени.
Ова е можност и за секоја земја да ги промовира успешните проекти кои се поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина. Проектот е финансиран од Еразмус + програмата во Норвешка.
Во рамки на проектот се планирани два екстерни настана:
- „Саем за зелени работни места и образование“
- „Акција за чистење на три природни бисери во Македонија„
Акцијата за чистење на три природни бисери во Македонија се организира на 10 Април 2016 на три различни локации – Маврово (централен настан), Матка и Охрид во соработка со глобалното движење „Let’s Do It! World“. Во акцијата освен педесетината странски претставници на невладини организации ќе се вклучат и локални невладини организации, волонтери, претставници на локалната самоуправа, амбасади, училишта и граѓани на РМ.
Акцијата е замислена во два дела:
- Еден дел каде околу 500 волонтери ќе се вклучат во физичко отстранување на отпадот. Ќе се собираат отпадоци од различни локации кои се веќе мапирани, но и градежен шут и индустриски отпад со помош на државните и локални служби кои располагаат со таква механизација.
- Едукативен дел каде со џингл од познати македонски личности: Сашко Коцев, Бубо Каров, Катерина Ивановска, Кире Лазаров, Бени Шаќири и други биде испратен до сите национални и локални радио станици:
- Со џинглот се повикуваат граѓаните да излезат и да го исчистат својот двор и околината околу зградата, куќата и слично.
- Ќе биде формирана Еко-Патрола како форма на граѓански активизам на граѓаните на РМ која ќе ги замоли сограѓаните кои ке ги забележат дека фрлаат отпадоци на земја, да не го прават тоа. - Како дел за превенција ќе се постават:
- Знаци на различни локации кои ќе ги предупредуваат граѓаните за мандатните казни кои следат како последица на уништувањето на животната средина.
- Поставување на контејнери и канти за отпадоци на локации каде што се потребни.
-Координирање на локалните надлежни служби во превентивна едукација на локалното население, како и изрекување на мандатни казни.
Во оваа акција учествуваат многу партнери: невладини организации кои обезбедуваат волонтери и го организираат овој проект, хотели и комерцијални објекти кои ќе обезбедат храна и пијалаци за волонтерите, сите партиципиенти - локални и државни институции, медиуми кои бесплатно го промовираат проектот, познати личности и индивидуалци, општествено одговорни компании кои финансираат или донираат дел од потребната опрема и материјали.
Акцијата е поддржана од локалните самоуправи на општините Маврово/Ростуше, Скопје и Сарај, Охрид и од државни служби. Од компаниите акцијата ја подржаа Тинекс маркетите, Хотел Алпина и Нехар Турс.