Комплекс Ветрило за помалку смог, а повеќе чист воздух

На падините на Водно, внимателно е осмислен нов концепт на куќи кои навистина ги задоволуваат сите потреби на едно семејство. Оддалечен е од центар за само 6,5 километри  во близина на општината во с. Сопиште. Комплексот се нарекува Ветрило, и самото има кажува за каков простор станува збор.

kompleks-vertilo-za-pomalku-smog-a-poveke-cist-vozduh-01.jpg

Ова е место каде ветрот  не дозволува да се  задржува смог и штетни честици во воздухот. Проблем кој денеска навистина сериозно ги окупира жителите на главниот град. Секој викенд па и во текот на неделата Скопјани одат на Водно се цел да дишат малку свеж воздух.

Со купување куќа на Водно трајно се решава проблемот со недостигот на чист воздух.  Децата можат да растат во поинакви услови, да трчкаат во дворче наместо да седат во стан покрај компјутер.  Куќичките кои се на два ката, навистина пленат со својата убавина. Модерно дизајнирани со плански осмислен простор, за секој член во семејството. За љубителите на водени лудории архитектите осмислија и базени крај куќите. Ветрило е новата надеж на Скопјани кои се желни за тишина и почист воздух.

kompleks-vertilo-za-pomalku-smog-a-poveke-cist-vozduh-02.jpg

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом.  Цената по квадрат е значително поволна, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.

kompleks-vertilo-za-pomalku-smog-a-poveke-cist-vozduh-03.jpg

Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектитее 120 м2 , распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е  свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и и да се овозможи и поубав поглед.

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза прослави 15 години љубов со Игор, Тарабунов објави ретка фотка со девојката: Што прават ... Поранешната водителка Хелена Роза објави фотографија од ресторан со својот 11 го...
Ледената Бетика во шорц се качи на Алпите и го развиори македонското знаме „Радувај се Македонијо, Бетика штотуку ги искачи Алпите во шорц. Исто така, Бети...
10 локали во Скопје за уживање во кафето на зимско сонце Убавото време и температурите кои се високи за овој период од годината како да в...
Ѓоко Таневски објави ретка фотка со децата, Викторија Лоба на коктели со другарките: Што прават маке... Панчо и Андреј од ДНК се дружеа во кафеана со нивниот долгогодишен пријател и со...
Кенијката Емакулате со хит видео за македонските таксисти: „Кога ќе ти се погоди некој што знае сè“ „Ти не си арна“, „Јас би гласал за тебе, ама и да појдеш во Македонските народни...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg