Ѓоко Таневски објави ретка фотка со децата, Викторија Лоба на коктели со другарките: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2024
Панчо и Андреј од ДНК се дружеа во кафеана со нивниот долгогодишен пријател и соработник Наум Петрески, а Калиопи се пофали со 50.000 следбеници - Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
Димитар Андоновски објави фотка со сопругата Христина за нејзиниот роденден.
„Среќен 29-ти роденден Тинче. Фала му на Бога што си дел од мене и си мојата најголема поддршка. Ти си мојата кралица“, напиша тој.
Ѓоко Таневски со семејството скијаше на Јахорина, Босна и Херцеговина, па објави ретка фотка со ќерките и сопругата. На скијање беше и Кристина Арнаудова со семејството.
Александар Јосифовски настапи на концертот на „Бијело дугме“ во Сиднеј, Австралија, па објави фотографија со Горан Бреговиќ.
Антониа Гиговска го одведе синот Киан во теретана, додека Викторија Лоба беше на коктели со другарките.